Израелец компонира соната за Трамп

Израелец компонира соната за Трамп

172
SHARE
Фото - Принтскрин/Јутјуб

„Добро време“, „Љубов“, „Насмевка“, „Изградете ѕид“, „Да се извиниш“ и „Ќе се вратам“ се шесте става на „Соната Трамп“ што ја компонираше израелскиот композитор Авнер Ханани за претседателот на САД.

Композицијата се опишува како монодрама за видео и клавир и станува збор за мешавина на различни говори на Трамп со клавирска придружба на композиторот.

Ханани објаснил дека, наспроти се она што луѓето може да помислат, неговото дело, 12-минутната соната, всушност е политички неутрална креација.

– Тоа е обид личноста да се претстави со музички и уметнички срeдства. Би можело да се каже дека му поделив комплимент, дека музиката која ја придодадов е aтрактивна – изјавил композиторот, објаснувајќи дека понекогаш говорот на Трамп му делувал како скандирање со јасни интервали, а понекогаш бил „во стилот на драматична вокализација меѓу говор и пеење, без јасни интервали“.

Композиторот признава дека противниците на Трамп би можеле да ја сфатат сонатата како исмејување на претседателот, но тврди дека тоа не му била намерата. Иако не ја компонирал за да насмее некого, смета дека и недостасува хумор.

– Многу часови посветив да најдам музички најинтересни пасажи – додал Ханани, објаснувајќи дека користел исти цитати повеќе пати бидејќи повторувањето било значаен елемент на музиката и дека со тоа би се сложил и Бетовен.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY