Историска победа на Лина Ѓорческа

Историска победа на Лина Ѓорческа

499
SHARE
Фото: flickriver.com

Најдобрата тенисерка Лина Ѓорческа стана првата Македонка која оствари победа на еден Гренслем турнир.

Ѓорческа, која се наоѓа на 206.место на ВТА листата славеше на стартот од квалификациите на Австралија Опен над Американката Саша Викери во три сета.

Лина првиот сет го доби лесно со 6:2, но дозволи во вториот сет да го загуби својот сервис и противничката го освои со 3:6. Сепак нашата најдобра тенисерка смогна сили и решавачкиот сет го освои со 6:3, елиминирајќи ја 137. тенисерка на ВТА листата.

Мечот го заврши со 11 аса и вкупно 99 освоени поени, со 70 проценти успешност на првиот сервис.

Следна противничка на Ѓорческа во второто квалификациско коло е Далма Галфи од Унгарија, која во моментов се наоѓа на 160. позиција на ВТА листата.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY

2 + 16 =