Ирска поведе, па доби „петарда“ од Данците

Ирска поведе, па доби „петарда“ од Данците

154
SHARE

Репрезентацијата на Данска е последниот 14. европски тим кој оствари пласман на Светското првенство во Русија, откако ја растури Република Ирска во Даблин со 5-1.

Херој на Данците беше Кристијан Ериксен, кој постигна хет-трик.

По оние 0-0 во првиот меч, Ирска одлично почна на стадионот Авива во Даблин, поведувајќи со 1-0 преку Шејн Дафи во 6. минута.

Во 29. минута Кристенсен погоди за 1-1, а три минути подоцна Ериксен постигна прекрасен гол за комплетен пресврт.

Ирска се обидуваше да изедначи и да се врати во игра, но Данска беше подобар противник, во 63. минута Ериксен постигнува нов убав гол за водство и од 3-1, и тука беа ставени сите дилеми околу победникот.

Десет минути подоцна по една грешка на дефанзивата на Ирска, Ериксен постигнува нов убав гол за комплетирање на хет-трикот.

Конечните 5-1 беа поставени во 90. минута, откако ударот од белата точка го реализира Бендтнер.

Ова е петти пласман на Данците на Светско првенство, прво од Јужна Африка во 2010 година.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY