Хрватска: Човек загинал во сообраќајка враќајки се од хемотерапија

Хрватска: Човек загинал во сообраќајка враќајки се од хемотерапија

194
SHARE
Фото Курир.рс/Принтскрин

Кај местото Врановци во близина на Славонски Брод денес се превртел автобус кој превезувал ученици, откако во него влетал автомобил.

Возачот на автомобилот загинал на местото на настанот, додека сите патници во автобусот се полесно повредени.

Според првичните сознанија, загинатиот возач на автомобилот бил болен од рак и се враќал од хемотерапија, но не се знае дали несреќата настанала поради тоа што му се слошило или поради други причини. Една од учителките кои патувале со автобусот изјавила дека видела дека гумата на автомобилот е пукната. Полицијата не ја исклучила можноста возачот намерно да влетал во автобусот.

Осум од децата кои патувале со автобусот биле примени во болница во Славонски Брод, каде по укажаната помош три од нив се задржани, а другите се пуштени на домашно лекување.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY