Холивудскиот актер ја прекина свршувачката со девојката, бидејќи бил „изморен од сè“

Холивудскиот актер ја прекина свршувачката со девојката, бидејќи бил „изморен од сè“

170
SHARE
Профимедиа

Актерот Роберт Патинсон (31), најпознат по улогата во сагата „Самрак“, како и по долгогодишната љубовна врска со колешката Кристен Стјуарт, која по него стапува во врска само со жени.

Актерот и пејачката цело време изгледаа многу среќно, но одбиваа да зборуваат за својот однос. Пред неколку недели се појавија првите приказни дека тие одлучиле да се разделат кога пејачката на Модната недела во Лондон се појавила без свршеничкиот прстен на раката.

Во септември 2014 се дозна дека актерот е во врска со релативно непознатата пејачка ФКА Твигс, која со прстен на раката прошета само седум месеци подоцна.

Сега е потврдено дека гласините биле вистините, а извор близок на двојката открил дека Роберт „се изморил“ од таа врска, поради што едноставно почнале да се оддалечуваат.

– Во последно време се помалку и помалку се гледаа, а тоа траеше со месеци. На Роберт му беше преку глава од тоа и одлучи да ја раскине свршувачката. Се уште ја сака и му беше тешко да ја донесе одлуката, но на двајцата им беше јасно дека не функционираат како двојка – открил извор за „Дејли мејл“.

Актерот и пејачката не се видени заедно од мај годинава.

Подготви: K. A.

 

 

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY