Фридом Хаус: Македонија е делумно слободна земја

Фото: Слободен печат, Драган Митрески

Речиси 38 отсто од луѓето во светот живеат во земји оценети како неслободни, 42 отсто живеат во делумно слободни земји и само 20 отсто живеат во слободни земји, покажуваат податоците од годишниот извештај на „Фридом хаус“ за „Слободата во светот“. Македонија, со 67 од вкупно 100 поени, останува во категоријата на делумно слободни земји во друштво со Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Унгарија, Украина и Молдавија.

Најголем пад за последниве десет години од државите во регионот имаат Србија која бележи пад за 21 поен, како и Босна и Херцеговина со намалување на 10 поени.

Глобалната слобода продолжи да се влошува и во 2023 година, што е тренд кој трае 18 години по ред. Изборните манипулации, војни и напади врз плурализмот се клучни двигатели на глобалниот пад, според „Фридом хаус“.

Фото: Принтскрин, https://freedomhouse.org

-Глобалната слобода направи голем чекор наназад во 2023 година. Светот се соочува со уште еден клучен тест во 2024 година – избори, како и повеќе вооружени конфликти, вклучително и во Источна Европа, Јужен Кавказ и Блискиот Исток, на поголем дел од глобалното население ќе им бидат ускратени основните слободи во годините што следат, што на крајот ќе влијае на мирот, просперитетот и безбедноста, рече Мајкл Џеј Абрамовиц, претседател на „Фридом хаус“.

„Фридом хаус“, меѓу другото препорачува да се обезбеди стабилна поддршка и флексибилно финансирање на оние кои се на првите борбени линии против тиранијата, да се почитуваат правата на луѓето кои живеат на спорни територии, да се заштитат слободните и фер избори во 2024 година, доследно да се реагира на обидите за соборување на демократски избраните влади, како и да се заштитат активистите за човекови права.

Слободата во светот вклучува резултати и детални извештаи за политичките права и граѓански слободи за 195 земји и 15 територии низ целиот свет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот