Драма со среќен крај: Македонија со победа над Словенија го почна ЕП!

Драма со среќен крај: Македонија со победа над Словенија го почна ЕП!

89
SHARE

Машката ракометна репрезентација на Македонија во максимално неизвесен натпревар ја совлада третопласираната селекција на последното Светско Првенство, Словенија со 25-24 на отворање на ЕП 2018 во Загреб.

Избраниците на Раул Гонзалез знаеја како да го одржат силното темпо на игра во текот на целата средба, а во текот на првото полувреме успеаја да се вратат и од негатива од три гола која ја имаа во неколку наврати и до паузата да изедначат на 11-11.  Во второто полувреме нашиот состав почна одлично, со 4 гола во низа за водство од 15-11, но Словенија успеа резултатски да се врати во продолжението и на 10 минути до крајот изедначи на 21-21.

Во трилер-завршницата, Манасков беше стрелец на два гола за Македонија, а погодија и Кирил Лазаров и Филип Лазаров. При водство на Македонија од 25-24 во последната минута од средбата, добрата одбрана на нашата репрезентација ги примора Словенците на грешка во нападот, по што Македонија ја задржа топката за голем триумф од 25-24.

Дејан Манасков со 8 голови го заврши мечот како најпрецизен во нашиот тим, а капитенот Кирил Лазаров додаде 7 голови. Стојанче Стоилов и Филип Миркуловски одиграа особено впечатлив натпревар за Македонија, а што се однесува до голманите, Никола Митревски забележа 9 одбрани, додека Борко Ристовски спречи 5 шута на Словенците.

Во вториот натпревар, Македонија ќе се сретне со Црна Гора. Средбата е закажана за 15 јануари. Во првата денешна средба од нашата група, Германија убедливо ја совлада Црна Гора со 32-19.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY