Димитров и Коѕијас очекуваат на 17 јануари Нимиц да постави иницијална рамка...

Димитров и Коѕијас очекуваат на 17 јануари Нимиц да постави иницијална рамка со која ќе напредне решавањето на спорот со името

113
SHARE

Денес во Солун, министрите за надворешни работи, Никола Димитров и Никос Коѕијас одржаа средба.

Средбата се одржа во рамки на воспоставениот дијалог и консултации меѓу двете земји, насочени кон зајакнување на транспарентноста и меѓусебната доверба. На средбата Министрите имаа добар разговор фокусиран на унапредувањето на билатералните односи и соработката во поширок контекст, поврзано со тековните Мерки за градење доверба.

Министрите изразија заедничко очекување дека на претстојниот состанок на 17 јануари 2018 г., личниот претставник на ГЕНСЕК на ООН г. Нимиц, ќе стави на маса инцијална рамка со која суштински ќе се напредне во надминувањето на разликите околу името. МНР Димитров и МНР Коѕијас разговараа за методологијата, за пристапот на двете страни, како и за рамката на процесот за надминување на разликите околу името, и се сложија да имаат подиректна улога во разговорите со цел надминување на разликите околу името.

Исто така тие разменија мислења поврзани со Мерките за градење доверба и други подготовки околу следните средби на високо политичко ниво меѓу двете земји.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY