Бремената Џорџина „навалила“ на Роналдо, со часови разменувале нежности ФОТО

Бремената Џорџина „навалила“ на Роналдо, со часови разменувале нежности ФОТО

674
SHARE
Инстаграм/Принтскрин

Вљубениот португалски фудбалер Кристијано Роналдо и неговата поубава половина Џорџина Родригез се снимени како уживаат на јахта, и тоа само три дена пред да пристигне во Скопје на Суперкупот.

Славниот фудбалер неодамна ги потврди наводите во медиумите за бременоста на Џорџина, а потоа решил да се опушти и да отпатува на Ибица.

Наместо да се излежуваат на плажите, Роналдо и Џорџина одлучиле идиличен ден да поминат на луксузната јахта.

Папараците ги уловиле нивните најинтимни моменти, кога се прегрнувале, бакнувале и разменувале нежности.

Покрај трудничкиот стомак којшто го покажала, многумина биле воодушевени од природниот излед без шминка на Џорџина, како и од секси телото што го има во седмиот месец од бременоста.

Триесетидвегодишниот Роналдо неодамна стана татко на близнаци – Ева и Матео, а пред седум години го доби првото дете Кристијано Јуниор, исто така, од сурогат-мајка.

Роналдо сака да има седум деца затоа што тоа е неговиот магичен број, открил пријател на фудбалерот. За тоа што Роналдо го одбрал бројот седум е „виновен“ Алекс Фергусон.

Подготви: K. A.

Фото: Инстаграм/Принтскрин

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY