Борисов: Перспективата на Македонија е во ЕУ и НАТО

Борисов: Перспективата на Македонија е во ЕУ и НАТО

337
SHARE

Со потпишување Заедничка декларација во која се нотирани сите заложби за унапредување на соработката во сите сфери и со потпишување на девет билатерални договори, заврши првата заедничка седница на Владите на Република Македонија и Република Бугарија што денеска се одржа во Струмица.

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов на зедничката прес-конференција со македонскиот премиер Зоран Заев ја нагласи поддршката кон Македонија за членство во Европската унија и НАТО.

– Сакам само да кажам дека завчера при средбата со претседателот на Европскиот парламент Тајани, заедно со парламентарните групи од Европски парламент во Софија, јасно кажав дека сега е моментот да се искористи бугарското претседателство, после тоа австриското, романското и хрватското и за две години Западниот Балкан не да биде само во вниманието на Брисел, туку реално да се придвижи. Убеден сум дека за два-три месеци ќе успееме да го намалиме роамингот. Убеден сум дека и Коридорот 8 ќе се развие. Нашата политика е во политика за присоединување во делот на економијата, енергетиката зошто тоа носи инвестиции и повисоки доходи. Луѓето сакаат работа, да имаат доходи, да може да патуваат и да прават бизнис, а ние сме должни тоа да им го овозможиме, рече Борисов.

Тој нагласи дека смета дека перспективата на Македонија во НАТО е од важно значење, и дека како влади ќе продолжат со низа практични дејствија.

Премиерот Заев нагласи дека заедничката декларација е базирана во духот на отвореноста и довербата, меѓусебното почитување и разбирање со нагласување на важноста на активната регионална соработка како основа за трајна стабилност во Југоисточна Европа.

– Не постои нешто што не сме способни да го направиме подобро од она што мислиме дека можеме. Македонија и Бугарија направија, застаневме едни до други со потпишаниот договор за пријателство, добрососедсво и соработка, а со денешната владина седница активиравме уште еден од моторите кои треба да го повлечат целиот регион напред. Оваа свест што ја имаме како влади за нашата историска одговорност што отвора перспективи, е значајна за нашите билатерални односи, за евроинтеграцијата на Македонија и на регионот, нагласи премиерот Заев.

Додаде дека на заедничката седница биле потврдени областите од заеднички интерес за севкупен развој.

– На заедничката седница разговаравме за соработка во економијата, енергетиката, инфраструктурата, ќе ја развиваме прекуграничната соработка, ќе продолжиме со потребните реформски процеси за евро и евроатланскитеа интеграции. Да ги зајакнеме трговските и бизнис врските. Промовиравме патување на туристи од трети земји, вклучувајќи развивање заеднички туристички производ, рече Заев.

Тој посочи дека со Борисов разговарале за дополнително снабдување со гас на двете земји, како и за реализација на Коридорот 8 како врвен приоритет од заеднички интерес.

Премиерот Заев истакна дека пред претседавањато на Бугарија со Европската унија, Македонија ја надгради соработката, преку директна поддршка во реализација на реформските процеси и помош од бугарските искуства и екпертиза.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY