Али Ахмети бара реванш!

Али Ахмети бара реванш!

553
SHARE
Фото: плусинфо

Опции За ДУИ се отворени четири опции: коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, коалиција со СДСМ, техничка влада и преоѓање на ДУИ во опозиција. Ахмети не ја исклучува неопходноста од нови избори.

Јас добро ги познавам и двете страни, и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Тие воопшто не се разликуваа кога стануваше збор за третирање и унапредување на албанските прашања.

Бројка

99 пати ќе размислиме, а стотиот пат ќе пресечеме, вели Ахмети

Во игра се четири опции, изјави синоќа лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21. И покрај огромната упорност и вмешaност на водителот во поставувањето на сите клучни прашања, Ахмети избегна да даде конкретни одговори.

– Пред да почнат преговорите со ВМРО-ДПМНЕ, треба да биде завршена анализата за тоа во која насока ќе оди ДУИ и какви позиции ќе има: дали ДУИ ќе влезе во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, дали со СДСМ, дали ќе излезе со понуда за техничка, таканаречена проширена влада, каква што имавме до 11 декември лани, или пак, можеби ДУИ ќе донесе одлука да биде во опозиција. Сите овие опции се отворени – изјави Ахмети.

Тој не сакаше да ги коментира предизборните реторики на двете најголеми македонски партии – ниту националистичката реторика на ВМРО-ДПМНЕ, ниту граѓанската на СДСМ, за која изрази доза на сомневање, бидејќи не ја видел во конкретна програма.

– Јас верувам во акти што ги гледам на лист. Народот вели, зборовите ги носи ветерот – рече Ахмети.

На забелешката дека ја релативизира реториката на досегашниот партнер, Ахмети се огради со став дека нема да биде адвокат ни на едната ни на другата партија.

– Не верувам во тоа што е кажано само за дневнополитички поени. Јас добро ги познавам и двете страни, и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Тие воопшто не се разликуваа кога стануваше збор за третирање и унапредување на албанските прашања. Ние не бараме ни повеќе ни помалку од она што е предвидено со Охридскиот договор, кој наложува употреба на албанскиот јазик, а овој договор се одразува врз Уставот на РМ – рече Ахмети.

На директно прашање дали ќе направи коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на ДУИ одговори дека тоа е прашање за кое треба добро да се размисли и да се анализира.

– Работите треба да се гледаат рационално, а не еуфорично и со фолклоризам. Не се наоѓаме во поволни околности, како во земјата, така и во регионот во пошироките политики – рече тој.

Запрашан дали може да има последици од коалицирање на ДУИ со ВМРО-ДПМНЕ, Ахмети одговори дека за последиците не може да се зборува денеска, бидејќи тие ќе можат да се видат во иднина:

– Во ДУИ нема ни „за“ ни „против“ за ниту една страна. На масата се ставени опциите за тоа ако влеземе во коалиција со едните или со другите и кои би биле главните начела, а не за условувања.

И во однос на можноста за коалицирање со СДСМ, Ахмети беше неодреден и резервиран:

– Таа не е победничка партија на изборите и кој ни гарантира нам за колку ќе има стабилна ситуација. Секоја избрзана одлука може да предизвика последици. Не брзаме никаде, туку 99 пати ќе размислиме, а стотиот пат ќе пресечеме.

Запрашан дали е за нови избори, Ахмети кусо одговори:

– Зошто да не? Ако нема подобро решение. Секако дека земјата ќе оди на нови избори ако не се прифати албанската декларација, од која било страна.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY

11 + 13 =