Насловната страница на „Л‘Екип“ ја запали Европа
Еден од највлијателните спортски весници , „Л‘Екип“ денешното издание го одбележа со историска насловна страница, ватерполисти хомосексуалци како се бакнуваат во базен.
Францускиот весник на овој начин сакаше да ја освести јавноста во поглед на хомофобијата како во спортот така и во општеството, и на насловната страна напиша „бакни кого сакаш“.
Le sport face à l'homophobie en une et tout au cœur d'un numéro spécial du magazine L'Équipe ce samedi https://t.co/AuxExFQnuc pic.twitter.com/vYL0mr99yO
— le magazine L'ÉQUIPE (@lemaglequipe) May 2, 2019
Станува збор за сцена од филмот „Les Crevettes Pailletèe“, кој следи ватерполо екипа за време на подготовките за Олимписки игри за хомосексуалци.
Според сценариото на филмот, Игрите се одржуваат во Хрватска каде е сниман дел од филмот. Вториот дел, е сниман во Франција, а „тежина“ на филмот му дава и тоа што се користени автентични снимки од Олимписките игри за хомосексуалци кои минатата година се одржаа во Париз.