336 набљудувачи од ОБСЕ/ОДИХР за Локалните избори

336 набљудувачи од ОБСЕ/ОДИХР за Локалните избори

173
SHARE
Фото: Бранко Героски

Локалните избори во 2017 ќе се спроведуваат во 80 општини, а истите ќе бидат мониторирани од 336 набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР.

16 нивни експерти се веќе во Македонија, а во текот на следната недела ќе им се придружат уште 20 долгорочни набљудувачи, кои ќе ја следат изборната кампања. Непосредно пред одржувањето на изборите во Македонија ќе допатуваат уште 300 набљудувачи кои ќе го следат изборниот процес.

Целта на ОБСЕ/ОДХИР е да се осигура дека се исполнети сите обврски за спроведување на демократски избори. Меѓу другото, тие ќе го следат и известувањето на медиумите за кампањата, отворањето на гласачките места на денот на изборите, пребројувањето на гласачките ливчиња и сумирањето на резултатите.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY