20-годишно момче „се пензионира“ по освоен џекпот од 451 милион долари! ФОТО

20-годишно момче „се пензионира“ по освоен џекпот од 451 милион долари! ФОТО

217
SHARE
Фејсбук/Принтскрин

Џекпотот од 451 милион долари, четврти по големина во историјата на американската лотарија „Мега милион“, ја извлекол 20-годишниот Шејн Мислер, контролор „во пензија“ од Флорида, потврдија официјални лица од американската лотарија.

Дел од 281,2 милиони долари

Младиот добитник од градот Порт Ричи на Флорида е единствениот кој ја имал добитната комбинација на броеви, а се определил одеднаш да подигне прближна сума од 281,2 милиони долари, навеле официјалните лица.

Добитниците на лото во САД имаат можност да одберат дали сакаат исплата на еден дел од добитокот сега, а остатокот во рати во текот на повеќе наредни години, или ја сакаат исплатата на добитокот одеднаш, и во тој случај износот е помал.

– Имам намера да се погрижам за своето семејство, попатно да се забавувам и да го втемелан патот за финансиски успех, за да можам зад себе да оставам наследство далеку во иднината – рекол младиот Мислер, истакнувајќи дека отсекогаш ја охрабрувал идејата за „трчање“ по соништата и дека неговото патување штотуку почнува

Не се шокирал

За дваесетгодишниот среќник победата не била шок.

Шејн Мислер истакнал дека по уплатата на добитната комбинација во продавницата „Севн-илевн“ имал „чувство“ дека ќе го освои џекпотот.
Гледајќи ја можноста за објавувањето на последниот број во својата добитна комбинација, Мислер рекол дека само му се јавил на својот брат за да ја сподели веста со него.

Мислер, како што наведува, планира да вложи еден дел од добитокот во нов дом во Тампа, а потоа и во „различни страсти“, како и нешто од парите да одвои за помош на другите.

Подготви: K. A.

Image may contain: 2 people, people standing and closeup

Image may contain: 1 person, smiling, standing, sunglasses, sky, outdoor, closeup and water

(FOTO) IMA 20 GODINA I IDE U PENZIJU: Mlađani Amerikanac osvojio 451 milion dolara na lutriji!

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY