„Жито Лукс“ ги наградува своите верни потрошувачи од Скопје

„Жито Лукс“ ги наградува своите верни потрошувачи од Скопје

57
SHARE

„Секое утро – нова награда“ е големата наградна игра што ја организира, најголемиот производител на леб Жито Лукс за сите свои потрошувачи во град Скопје.

Секојдневно ќе се доделуваат по пет вредносни ваучери од 2000 денари или пакет производи, еднаш неделно ќе се извлекува викенд за двајца, а за најсреќниот добитник следува уникатна можност да биде добитник на вредносен ваучер од 100.000 денари за патување по сопствена желба.

Наградната игра започнува на 12 октомври и ќе трае до 22 ноември, 2017 година. Покрај вредниот награден фонд, правила за учество се едноставни, играта важи за сите кои ќе купат кои било два леба од богатата палета производи на Жито Лукс во Скопје. Единствено што треба да се направи е да се испрати бројот на фискалната сметка, заедно со времето на купување преку СМС на 14741 или Вибер порака на BOT Zito Luks MK. Среќните добитници ќе се објавуваат секојдневно на веб страната на компанијата www.zitoluks.com.mk

„Довербата што секојдневно ја добиваме од нашите потрошувачи е бесценета, што е наш мотив за постојано да се наградуваме, но овој пат како одговор на нивната доверба решивме ние да ги наградиме и тоа со многу вредни изненадувања. Оваа наградна игра е начин да им се заблагодариме за покажаната лојалноста сите овие години. Затоа ги повикуваме сите скопјани да учествуваат во нагрдната игра и да освојат една од многубројните награди, а притоа секако да уживаат во нашите производи“, изјавија од Жито Лукс.

Жито Лукс повеќе од 70 години е најголемиот производител на леб на македонскиот пазар. Секогаш водени од потребите и желбите на потрошувачите, Жито Лукс постојано се стреми кон врвни производи со проверен и докажан квалитет, континуирано збогатувајќи ја својата богата палета на производи.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY