Во седма деценија на насловна: Кристи Бринкли го откри својот „еликсир“

Во седма деценија на насловна: Кристи Бринкли го откри својот „еликсир“

2993
SHARE
Фото - Инстаграм/Кристи Бринкли

Манекенката и модел Кристи Бринкли, која има 63 години, ќе се појави на насловната страница на ново издание на „Спорт илустрејтед“ со своите две ќерки. Покрај годините, се уште изгледа феноменално и ја открива својата тајна за младешки изглед.

Неодамна во интервју Бринкли изјавила дека секое утро пие чаша топла вода со лимон.

– Во тоа додавам малку мелена црвена пиперка, тоа е првото нешто што го внесувам во организмот, дури и пред кафе. Тоа најдобро го раздвижува мојот метаболизам – истакнала убавицата.

Кристи не практикувала диети, но е вегетаријанка од својата дванаесетта година и истакнува дека најважна е балансираната исхрана.

Освен нејзиниот „еликсир на младоста“ таа често пие и сок од кељ и портокал, јаде авокадо, семки од тиква, сончоглед, ореви и суво грозје.

Првата насловна страница ја красеше пред 40 години, а неодамна се фотографираше во бикини за истите потреби.

Фото - Инстаграм/Кристи Бринкли
Фото – Инстаграм/Кристи Бринкли

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY

2 × four =