Во март 2018: Албум со необјавени песни од Џими Хендрикс

Во март 2018: Албум со необјавени песни од Џими Хендрикс

76
SHARE

Необјавени песни на Џими Хендрикс, снимени помеѓу 1968 и 1970 година, ќе бидат објавени следната година.

„Икспириенс Хендрикс“ и „Легаси рекордингс“ најавија дека албумот на Хендрикс „Both Sides of the Sky“ ќе биде објавен на 9 март 2018 година. На албумот со 13 нумери има десет песни кои никогаш претходно не се објавени.

Хендрикс почина во 1970 година, на свои 28 години. Новиот албум е третиот дел од трилогијата од архивот на херојот на гитарската музика. „Valleys of Neptune“ беше издаден во 2010 година, а „People, Hell and Angels“ во 2013 година.

Еди Крејмер, кој работеше како инженер на звук на секој албум што Хендрикс го сними, во интервју изјавил дека 1969 година била многу експериментална за Хендрикс.

– Прво ставате касета и слушате, a потоа влакненцата на вратот ви се исправаат и велите: О, Боже. Ова е ѓаволски неверојатно – изјавил Крејмер.

Многу песни од новиот албум ги снимила групата „Бенд оф џипсис“ во која покрај Хендрикс беа и Бади Мајлс и Били Кокс. Стивен Стилс свири во две песни – „$20 Fine“ и „Woodstock“.

Крејмер го продуцирал албумот со Џон Мекдермонт и Џејни Хендрикс, сестра на легендарниот гитарист. Тој рекол дека ова е последен албум во трилогијата, но дека некој би можел да најде снимки од Хендрикс во подрум или на таван, што би можеле да бидат објавени.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY