Ураганот Ирма, „Деспасито“ и Меган Маркл најпребарувани поими на Гугл за 2017...

Ураганот Ирма, „Деспасито“ и Меган Маркл најпребарувани поими на Гугл за 2017 година

101
SHARE
Профимедиа

Според годишната листа на најпребарувани поими на Гугл за 2017 година, може да се заклучи дека светот не се интересирал многу за политичари (дури ни Доналд Трамп не е меѓу најпребаруваните поими), туку се интересирал за природни катастрофи, славни личности и технолошки уреди.

Севкупно, најпребарувани поими годинава се ураганот Ирма, Ајфон 8, Ајфон икс, Мет Лауер (кој беше отпуштен од Ен-би-си њуз откако вработена се пожалила за негово непристојно сексуално однесување) и Меган Маркл, идната кралска снаа.

На глобално ниво, меѓу личностите најпребарувани се Мет Лауер, Меган Маркл, Харви Вајнстин, Кевин Спејси и Надја Тофа, меѓу песните на врвот е „Деспасито“, а од сериите најпребарувана е „Почудни нешта“.

Од луѓето кои не напуштија оваа година најпребарувани се имињата на Том Пети, Честер Бенингтон и Крис Корнел.

Меѓу земјите од Балканот пак, во Бугарија најпребаруван филм бил „50 нијанси сиво“, Хрватите најмногу ги пребарувале поимите „Деспасито“, „избори“ и „Ла ла ленд“, а во Србија најпребаруван збор бил „време“, додека од серии „Убијците на мојот татко“ и „Сенки над Балканот“. За Македонија нема посебна листа на „Гугл трендс“.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY