Трагедија: Порно ѕвезда најдена мртва после онлајн малтретирање

Трагедија: Порно ѕвезда најдена мртва после онлајн малтретирање

278
SHARE
Фото - Принтскрин/Инстаграм

Дваесет и тригодишната порно актеркат Август Ејмс е најдена мртва на 5 декември, соопштила полицијата во јужна Калифорнија. Официјалната причина за смртта се уште не се соопштува, но се шпекулира дека девојката извршила самоубиство.

Самоубиство?
Наводно некои медициснки извештаи покажале дека Ејмс починала од асфиксија (гушење, глад за кислород) заради задушување.

Луѓе блиски со Ејмс биле уверени дека таа си го одзела животот, додавајќи дека била склона кон депресија. Има информации и дека недамнешен инцидент на социјалните мрежи било поттик таа да се самоубие.

Онлајн обвинувања
Имено, Август Ејмс била нападната со обвинувања на Твитер дека е хомофоб, откако преку социјалните мрежи советувала колешка од порно индустријата да не глуми со актер кој бил дел од порно филм со хомосексуалци.

Таа онлајн се бранела себе си дека не е хомофоб, додавајќи дека многу девојки не снимаат порно сцени со мажи кои глумеле во геј порно за „да не го изложат сопственото тело на ризик“.

Во следен твит додала дека и на неа и се допаѓале девојки, па не може да е хомофоб.

Братот на починатата
Братот на покојната Август Ејмс (вистинското име и е Мерцедес Грабовски) објавил емотивна порака во врска со трагичната смрт на неговата сестра, изјавувајќи дека нема ништо освен омраза за луѓето кои ја малтретирале пред да ја најдат мртва.

– Малтретирањето не е шега. Тоа и го одзеде животот на мојата сестра и не можам да ја вратам. Болката што ја чувствувам затоа што луѓето не можат да го задржат своето мислење за себе е неподнослива – стоело во пораката што братот на Ејмс ја објавил на социјалните мрежи, а до која дошле од „Радар онлајн“ пред да бдие отстранета.

Ејмс
Август беше популарна порно актерка, која се има појавено во повеќе до 290 филмови за возрасни. Ејмс има освоено и две награди (Адулт видео њуз), во 2015 година и во 2017 година.
Ејмс беше во брак со режисерот на порно филмови, Кевин Мур. Тој во изјава посочил дека таа била најдобрата личност која ја познавал и дека му била се.

– Ве молам, почитувајте ја нашата приватност во овој тежок период – навел уште Мур.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY