Се подготвува мјузикл за Слободан и Мира Милошевиќ на Косово

Се подготвува мјузикл за Слободан и Мира Милошевиќ на Косово

115
SHARE
Профимедиа

Во Белград во тек е подготовката на мјузиклот за животот на поранешниот претседател на Србија Слободан Милошевиќ и за неговата сопруга Мира Марковиќ, „Слободан Шоу“, во изведба на паралелниот Народен театар од Приштина со седиште во Грачаница, кој премиерно ќе биде изведен во март во Грачаница.

Режисерката Јелена Богавац, која го напишала текстот за мјузиклот, истакнува дека претставата се занимава со последиците на владетелскиот аутизам, автократијата и историската неминовност. Музиката ја напишал Марко Грубиќ.

Богавац додава дека режисерот го одбрал жанрот, додека таа како автор во фокусот ги ставила двата периоди: добата на шљокици во 90-тите години од минатиот век, а потоа времето на апсењето на Милошевиќ и хашките документи.

Грачаница е голема етничка српска енклава во централно Косово. Земјата од 1,8 милиони луѓе ја сочинуваат претежно етнички Албанци.
Милошевиќ владееше со Србија низ војните во 90-тите на Балканот кога се распадна Југославија, вклучувајќи го и конфликтот во Косово 1998-1999 година. Милошевиќ беше соборен по големите протести во октомври 2000 година. Тој почина од срцев удар на 64 години, во неговата ќелија во Хаг во март во 2006 година пред изрекувањето на пресудата.

Подготви: K. A.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY