Престижната награда „Сесил Б. Де Мил“ за Опра Винфри

Престижната награда „Сесил Б. Де Мил“ за Опра Винфри

247
SHARE
Фото - Профимедиа

Опра Винфри годинава ја добива престижната награда „Сесил Б. Де Мил“ за придонес во филмската уметност, што ќе и биде врачена на 75-тата церемонија Златни глобуси.

Секоја година наградата се доделува на некој што направил исклучителен придонес во забавната индустрија. Конкретно за Опра се вели дека таа го заслужува признанието зашто истакнува силни женски ликови на екраните и вон нив и со децении е жена за пример на многу девојки.

– Како глобален медиумски лидер, филантроп, продуцент и актер, таа создаде неверојатна врска со луѓе низ светот, што ја прави една од најпочитуваните и најобожавани личности на денешницата, а со позиции како директор и основач, таа е една од највлијателните жени – истакнале од Холивудска асоцијација на странски новинари, кои го избираат добитникот на наградата „Сесил Б. Де Мил“.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY