Нова долна облека треба да се купува еднаш годишно

Нова долна облека треба да се купува еднаш годишно

201
SHARE
Профимедиа

Ако не ја обновувате долната облека еднаш годишно, ризикувате. Најнова студија на Институтот Гуд хаускипинг открива дека и покрај редовната хигиена и редовното перење на долната облека на највисока температура, чистата долна облека сепак може да содржи до 10.000 живи бактерии.

Тоа значи дека од здравствени причини долната облека треба да се фрла барем еднаш годишно и да се заменува со сосема нова. Така ќе се намали ризикот од уринарни инфекции и алергии.

Студија во Британија пак открила дека еден меѓу четири мажи ја носат својата долна облека два дена пред да ја исперат, што е поразително ако се имаат предвид резултатите од претходно споменатиот институт.

Од институтот потсетуваат и дека колку што е важно редовно да се пере долната облека и да се замнеува со сосема нова секја година, треба да се обрне внимание и на тоа колку е чиста машината за перење облека. Ако не се чисти редовно, се зголемуваат шансите за појава и ширење на бактеријата еширихија коли.

Подготви: A. Д.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY