Нина Мориќ со поддршка на неофашисти

Нина Мориќ со поддршка на неофашисти

426
SHARE
Фото - Профимедиа

Хрватската манекенка Нина Мориќ на својата фејсбук-страница објавила контроверзен статус, во кој отворено го поддржала италијанскиот неофашизам.

– Ако некогаш се гласа, ќе се обидам да влезам на листата на Каса Паунд, ако ме примат – објавила Мориќ.

Хрватски „Јутарњи“ бележи дека Каса Паунд е движење наречено по поетот Езра Паунд, кој отворено поддржувал фашизам. Движењето е основано во 2008 година на почетокот на кризата како здружение за општествена промоција. На парламентарните избори во 2018 година, Каса Паунд би можело да влезе и во парламент.

Мориќ, пак, објаснила дека Каса Паунд ја сака Италија, како што Трамп ги сака САД. Родена сум, додала Мориќ, под комунистички режим и знам што значи недостаток на слобода, претерано е Каса Паунд да се поврзува со фашизмот од пред 70 години.

Таа исто така имала пофални зборови за Путин, велејќи дека тој има харизма.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY

thirteen + ten =