Нашата Елена Анѓеловска придружничка на Мис Фешн ТВ 2017 ФОТО

Нашата Елена Анѓеловска придружничка на Мис Фешн ТВ 2017 ФОТО

69
SHARE

Минатиот викенд во Кирениа, Кипар се одржа финалето на изборот за Мис Фешн ТВ 2017 (Miss Fashion TV 2017).

Нашата претставничка, Елена Анѓеловска направи убав успех освојувајќи го второто место и титулата прва придружничка. Победничка е претставничката на Украина Роксолана Јаминска, а титулата втора придружничка ја освои Ана Кристине Диаз Сантиаго од Венецуела. Трите беа промовирани во нови лица на „Фешн ТВ“.

Изборот се одржа во прекрасниот „Рок Хотел“ во Кирениа, каде 30-те финалистки од целиот свет (вкупно беа пријавени преку 3.000), прет-стојуваа и се подготвуваа за финалниот настап една недела.

Исто така имаше и голема прослава на 20 години „Фешн ТВ“, на која, како и на самиот избор, беше присутен и сопственикот на „Фешн ТВ“, Мишел Адам.

Лиценцата за Македонија за овој престижен избор за убавина ја поседува модното студио „Црнокрак“, преку кого Елена настапи на Кипар и ја освои титулата.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY