Најскапата слика оди во „Лувр“ во Абу Даби, ја купил саудиски принц

Најскапата слика оди во „Лувр“ во Абу Даби, ја купил саудиски принц

81
SHARE

Новиот музеј „Лувр“ во Абу Даби ја добива сликата „Спасител на светот“ на Леонардо да Винчи, која во ноември беше продадена на аукција за рекордни 450 милиони долари.

Од Кристис одбија да кажат кој е купувачот на уметничкото дело, додека од музејот во Абу Даби сега на Твитер (на три јазици) објавија дека сликата ќе биде изложена во нивниот музеј.

„Њујорк тајмс“ објави дека саудискиот принц Бадер бин Абдула бин Мухамед бин Фархан Ал Сауд е купувачот, цитирајќи документи до кои дошле. Аукциската куќа одби да го коментира извештајот.

Уметничкото дело од 16-от век некогаш го вреднувале само 60 долари, на аукцијата имало почетна цена од 100 милиони долари, а сега официјално е најскапата слика што некогаш е продадена.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY