Казнет хирургот кој се „потпишувал“ на црниот дроб на пациентите ВИДЕО

Казнет хирургот кој се „потпишувал“ на црниот дроб на пациентите ВИДЕО

467
SHARE
Принтскрин/Јутјуб

На британскиот хирург кој ги отпечати своите иницијали на црниот дроб на пациентот во текот на трансплантацијата, на изрекувањето на казната на судот во петокот во Бирмингем му е наложено да плати казна од 10.000 фунти и да одработи општествено-корисна работа.

Симон Брамхал користел аргонски коагулатор за да ги испише своите иницијали. Коагулаторот се користи за запирање на крвавењето во текот на операцијата.

Тој во 2014 година поднел оставка во болницата „Кралица Елизабета“ во Бирмингем, откако друг лекар открил што прави, а болницата соопштила дека постапките на Брамхал немале никакво влијание на успешниот исход на операцијата, пренесе АП.

Во текот на изрекувањето на казната судијата рекол дека Брамхал покажал „толкаво ниво на професионална ароганција, така што тоа преминало во криминален чин“.

– Стореното дело не само што е неетично туку е и казниво. Брамхал ги впишал своите иницијали и во друг случај, а за тоа се потребни знаење и концентрација. Тоа го направил во присутност на своите колеги – рекол обвинителот.

Брамхал се бранел од слобода, со кауција, а ја признал вината на судењето одржано минатиот месец.

Подготви: K. A.

 

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY