Хуан Ескобар откри досега непознати нешта за својот татко

Хуан Ескобар откри досега непознати нешта за својот татко

317
SHARE

Синот на Пабло Ескобар, Хуан, има нова книга „Пабло Ескобар: Она што татко ми никогаш не ми го кажа“, во која споделува информации за средбите со семејствата на жртвите и соработниците на неговиот татко, своевремен лидер на нарко-картелот Меделин.

Хуан вели дека во книгата говори за сè она што неговиот татко му го премолчел, а тој самиот го дознал преку своите истражувања.

„За првпат жртвите и непријателите на мојот татко имаа шанса да кажат што мислат за него“, вели Хуан.

Тој во својата книга открива кои други луѓе биле значајни фигури во целиот процес на создавањето и одржувањето на нарко-империјата, како и тоа дека агенти на ЦИА и ДЕА биле вмешани во тоа, поради лична корист.

Хуан Ескобар открива и како животот на Пабло се сменил по смртта на министерот за правда во Колумбија, Родриго Лара Бониља, како и што точно се случувало во последните денови пред смртта на наркобосот.

Исто така, го руши и митот кој прераснал во урбана легенда, дека Пабло самиот бил подготвен да го плати надворешниот долг на Колумбија, иако бил финансиски моќен да го направи тоа.

Хуан додава дека иако историјата го прикажува како негативен лик, Пабло често помагал на сиромашните и болните, но не ги поштедувал оние кои сакале да му застанат на патот и да го предадат. Тој е скептичен дека трговијата со наркотици во Колумбија некогаш ќе запре, туку напротив, истата уште повеќе е напредната од времето на неговиот татко.

Синот на Пабло вели дека нема ништо против ликот и делото на неговиот татко да се користат во медиумите и поп-културата, но никако за промоција на криминалот. Тој открива дека многумина го исконтактирале откако излезе серијата на „Нетфликс“, идеализирајќи го неговиот татко и дека безрезервно ги советува дека воопшто не е добро да се биде вмешан во трговијата со дрога.

По смртта на Пабло во 1993, Хуан и остатокот од семејството избегале и за да ги прикријат трагите, го променил името во Хуан Себастијан Марокин и основал фирма за трговија со недвижнини.

Во 1999 биле уапсени тој и неговата мајка во Аргентина, откако нивниот книговодител го открил вистинскиот идентитет на семејството.

За крај, Хуан додава дека ниту тој, ниту семејството не се согласувале со изборот на неговиот татко и дека многу пати се обиделе да укажат на грешките, но сепак Ескобар бил упорен и доследен да го направи она што го наумил.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY