Харви Вајнстин доби шлаканици во ресторан од непознат маж ВИДЕО

Харви Вајнстин доби шлаканици во ресторан од непознат маж ВИДЕО

171
SHARE
Профимедиа

Откако во октомври минатата година во јавноста протекоа првите обвиненија против Харви Вајнстин (65), американскиот продуцентски могул го остави сопругата, британската дизајнерка Џорџина Чемпен (41).

Порталот „Пејџ сикс“ пишува дека двојката околу распределбата на имотот се спогодила уште на почетокот на декември 2017 година, само неколку дена пред нивната 10-годишнина од бракот. При потпишувањето на предбрачниот договор Вајнстин, во случај на развод, се согласил на Џорџина да и исплати по 300.000 за секоја година помината со него, а според новиот спогодбен договор, дизајнерката ќе ги добие и двете куќа во Њујорк вредни 27 милиони долари.

Се шпекулира дека Вајнстин на банковната сметка има 240 милиони долари, додека Џорџина е „тешка само“ 20-тина милиони долари.
Освен што морала да се соочи со застрашувачкиот факт дека нејзиниот сопруг е сексуален предатор, британската дизајнерка, инаку, ко-сопственичка на престижната модна марка „Маркеза“, последиците од неговите злодела ги чувствува и на сопствената кожа. Имено, холивудските диви, кои со години и беа верни клиентки, очигледно одлучиле да ја бојкотираат нејзината марка. На годинашното доделување на Златните глобуси ниту една актерка не носеше креација на „Маркеза“, пишува „Мирор“.

Харви и Џорџина беа во брак девет и пол години, а имаат и две деца. Старателството над нив ќе гo добие мајката.

А, фактот дека во бракоразводната парница ќе остане без дел од парите за Харви претставува само еден од проблемите.

Додека деновиве вечерал во ресторан во Скотсдел, Аризона, му пришол маж, кој се претставил како обожавател, и го замолил за заедничка фотографија.

Вајнстин наводно бил воодушевен, но сепак, одбил да позира. Недолго потоа, наводниот обожавател се вратил до масата на Вајнстин и го навредил пред другите гости.

– Ти си го..о од човек поради се што им направи на тие жени – врескал мажот, а шокираниот Вајнстин дури два пати и го удрил в лице, пренесе „Мирор.“

Во меѓувреме, американскиот портал ТМЗ ја објави снимката од нападот на Вајнстин во ресторанот.

Подготви:  K. A.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY