Гугл најмува 10.000 луѓе да го „исчистат“ Јутјуб

Гугл најмува 10.000 луѓе да го „исчистат“ Јутјуб

104
SHARE

Гугл ќе ангажира илјадници уредници да ја намалат количината на проблематични содржини на Јутјуб. Освен тоа, ќе постави построги правила околу рекламирање.

Планот на Гугл е следната година да имаат 10.000 луѓе кои ќе се занимаваат со содржини што ги кршат нивните политики. Не е објавено колку луѓе во моментов работат на тоа.

– Некои лоши актери ја злоупотребуваат нашата отвореност, за да манипулираат, напаствуваат, па дури и да наштетат – изјавила Сузан Војчицки, прв човек на гигантот Јутјуб, во контекст на ангажираноста да се намали злоупотребата на платформата.

Алгоритмите што ги воведе Јутјуб оваа година помогнале да се отстранат повеќе од 150.000 видео снимки со насилни екстремистички содржини.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY