Есента носи многу здрави суперхранливи овошја и зеленчуци

Есента носи многу здрави суперхранливи овошја и зеленчуци

491
SHARE

Есента носи многу здрави продукти со кои се подобрува имунитетот во зимските месеци, кога на пазарите нема многу избор на свежи плодови.

Цвекло – ја подобрува крвната слика, го стимулира варењето и работата на црниот дроб и помага при опстипација.

Грозје – било која сорта и да ја одберете, ќе ја збогатите вашата исхрана со А и Б витамини и со фолна киселина, како и со доволно витамин Ц. Помага при реуматски артритис и го подобрува имунитетот.

Лимон – здраво овошје што освен во есен, препорачливо е да се консумира преку целата година. Го чисти телото од штетни материи и токсини и помага при умор.

Јаболки – богати со сите витамини и минерали кои ни се потребни, а истовремено и заситуваат, што ги прави добар сојузник во борбата против вишок килограми.

Модар патлиџан – богат со витамини Б1, К, Ц и А и со фолна киселина, како и со целулоза. Штити од кардиоваскуларни заболувања.

Зелка – без разлика дали е свежа или кисела, зелката е богата со витамин Ц и природни пробиотици кои ја подобруваат работата на системот за варење, но и штитат од алергии и воспаленија.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY