Џенифер Лоренс и Маргот Роби се судрија за филм на Тарантино

Џенифер Лоренс и Маргот Роби се судрија за филм на Тарантино

195
SHARE
Фото - Профимедиа

Оскаровката Џенифер Лоренс и актерката Маргот Роби наводно се натпреваруваат за тоа кој ќе ја добие главната улога во следниот филм на Квентин Тарантино, во кој ќе се зборува за убиствата на Чарлс Менсон.

Филмот, кој се уште нема наслов, ќе ги следи бруталните убиства на пет лица, вклучително и на бремената актерка Шерон Тејт, сопруга на режисерот Роман Полански, што ќе биде извршено од страна на следбениците на Чарлс Менсон во 1969 година.

Според неколку непотврдени извештаи, ѕвездата од „Самоубиствен одред“, Маргот Роби и Џенифер Лоренс се во „битка“ за улогата на Шерон.

Извор за магазинот „ОК!“ тврдел: Маргот е во предност во однос на улогата (Шерон), но Џенифер не се откажува. Ништо се уште не е сигурно. И двете се обидуваат да влијаат врз Квентин Тарантино со пораки, мејлови и ручеци. Тие две се во ривалство кое датира од пред три или четири години и постојано се борат за главни женски улоги во филмовите, бидејќи и двете се русокоси и на слична возраст – навел неименуваниот извор.

Taрантино сака Шерон Тејт да ја глуми Џенифер Лоренс (26) или Маргот Роби (27), додека Дебра Тејт (64), сестрата на убиената Шерон сака улогата да ја добие Маргот Роби.

– Џенифер Лоренс не е доволно убава, а Роби е прекрасна. Тарантино треба да побара совети од мене – рекла Дебра.

Инаку, Тарантино најави дека тоа ќе биде неговиот претпоследен проект. Освен Маргот Роби или Џенифер Лоренс, режисерот сака да ги ангажира Бред Пит и Семјуел Л. Џексон.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY

5 × 1 =