Џаред Лето бара од Бојко Борисов да го спаси Пирин

Џаред Лето бара од Бојко Борисов да го спаси Пирин

136
SHARE

Холивудската ѕвезда Џаред Лето на својот профил на Твитер го повика бугарскиот премиер Бојко Борисов да го заштити националниот парк Пирин.

– Бојко Борисов, Ве молам, заштитете го Националниот парк Пирин од прекумерна сеча заради профит и од скијачката инфраструктура. Спасете го Пирин. Нашето наследство е под закана. Преземете нешто веднаш! – напишал актерот на Твитер.

Пораката на Лето на социјалната мрежа е лајкувана повеќе од 2.000 пати.

Фото – Принтскрин/Твитер

Исто така, и фондацијата на оскаровецот Леонардо Дикаприо упатила слична порака за зачувување на „шумите стари со векови“ во Националниот парк вo Бугарија.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY