Американците не сакаат Опра да влезе во Белата куќа

Американците не сакаат Опра да влезе во Белата куќа

84
SHARE
Профимедиа

Американците не сакаат телевизиската водителка Опра Винфри да се кандидира за претседател, покажуваат податоците од новата анкета на институтот „Марист Пол”, јави АФП.

Анкетата, во која учествувале 1.350 лица и која била направена во периодот од понеделник до среда, покажува дека само 35 отсто од Американците сакаат Опра да се кандидира на изборите во 2020 година.

Ако, сепак, Опра се кандидира, тогаш, според анкетата, 50 отсто од Американците се подготвени да гласаат за неа наспроти 39 отсто кои би гласале за Доналд Трамп, во случај тој да се бори против неа. Другите испитаници немаат став.

Анкетата, исто така, покажува дека 64 отсто од испитаниците имаат генерално позитивно мислење за телевизиската водителка.
Шпекулациите дека Опра Винфри може да се кандидира за претседател се интензивираа откако таа одржа инспиративен говор на церемонијата за наградите Златен глобус, во кој се заложи за жените злоупотребувани од мажи.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY