Магазинот Плејбој престанува да постои: Содржината достапна само онлајн
Откако пролетниот број излезе оваа недела, управата на магазинот Плејбој најави дека престанува со печатење на легендарното списание.
Одлуката која долго време била дискутирана е финализирана со ширењето на коронавирусот, што додатно ја намали продажбата, пренесува Б92.
Во соопштение за медиумите, генералниот директор Бен Кон рекол дека прекинувањето на производството и ланецот за снабдување при пандемијата на вирусот станало јасен показател за убрзување на одлуката за која долго размислувале.
Тие си поставиле прашање како можат да го трансформираат производот за подобро да одговара на тоа што денеска го сакаат потрошувачите.
„Ќе почнеме да ја објавуваме цела наша содржина онлајн“, најави Кон.
Магазинот го основаше легендарниот Хју Хефнер, кој почина пред три години. Во 1953 година, Хефнер го заложи намештајот, зема хипотека и кредит од банка од 600 долари, потоа успеа да собере 8.000 долари од 45 инвеститори, за да го основа познатиот магазин.
Магазинот на почетокот требаше да се вика „Stag Party“, но поради постоењето на магазин со слично име, Хефнер го одбра името Плејбој.