Опра Винфри го оставила татка си да умира во беда

Опра Винфри го оставила татка си да умира во беда

311
SHARE

Вернон Винфри, таткото на познатата американска водителка Опра Винфри, нивниот однос го опишал во книгата „Неизговорни работи“. Тоа било пред 10 години, а Опра била шокирана од тој негов потег и го сметала за големо предавство.

Водителката се родила во сиромашни услови, а нејзината мајка и тако едвај се познавале. До тинејџерските години Опра времето го поминувала со мајката која во еден момент одлучила дека повеќе не сака да се грижи за неа па славната водителка продолжила да живее кај татка си со кого дотогаш многу не комуницирала.

Опра живеела кај Вернон сè додека не тргнала на студии, а бидејќи нејзината кариера напредувала, нивните патишта се разишле.

Вернон Вифри сега тврди дека Опра сосема го заборавила и го оставила да живее во сиромаштија. Имено, овој 83-годишен човек во ексклузивниот разговор за американскиот портал „Радар онлајн“ изјавил дека со ќерка си разговара само два пати годишно.

– Тоа е на нејзиниот и на мојот роденден. Зборуваме околу 20 минути – рекол Вернон.

Неговите најблиски пријатели починале во последните неколку години, а времето го поминува осамен и гледајќи фудбалски натпревари во својот одм во Нешвил.

Неговата здравствена состојба е веќе нарушена откако му е оштетен слухот во Корејската војна, а претрпел и мозочен удар.

– Опра му помага минимално. Тажно е да го гледате Вернон како преживува во вакви услови. Всушност, тешко дека тоа и може да се нарече живот – тврди извор.

Тој додава дека Вернон е премногу горд за самиот да раскажува за деталите.

– Додека Опра живее во огромна вила, тој работи во берберница – тврди извор.

Опра деновиве ја промовираше својата книга за готвење „Food, Health, and Happiness: 115 On-Point Recipes for Great Meals and a Better Life“, а празниците главно ги поминала со својата долгогодишна пријателка Гајл Кинф и партнерот Стедман Грахам. Богатството на Опра Винфри се проценува на три милијарди долари.

Подготви: К. А.

 

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY

ten + 5 =