8.000 гости на свадбата на ќерката на индонезискиот претседател

8.000 гости на свадбата на ќерката на индонезискиот претседател

121
SHARE
Фото - Профимедиа

Кахијанг Ају, ќерката на претседателот на Индонезија, Јоко Видодо, се омажи на раскошна церемонија, на која биле поканети дури 8.000 гости.

Ају има 26 години и е ќерка единица на индонезискиот претседател. Таа има еден помал и еден постар брат.

Младоженецот е бизнисменот Мухамед Боби Афиф Насутион, кој се занимава со недвижности.

Традиција
Свадбената церемонија и парадата во склоп на венчавката се одржале во средата, во родното место на претседателот, во градот Суракарта, познат и како Соло, во централна Јава.
Учесниците во парадата носеле етнички костими од сите делови на оваа земја. Пред венчавката, родителите на невестата и ги објасниле на деталите од јаванската традиција.
Целата нација во живо на телевизиските екрании можела да ја следи свадбената парада на индонезиските канали, а подоцна и веселбата во ресторанот.

Фото – Профимедиа

На свадбата присуствувале бројни политичари, но немало звучни меѓународни имиња, бележи Би-би-си.

Благослов
Церемонијата ја водел претседателот Јоко Видодо, додека заменик претседателот Јусуф Кала и лидерот на Индонезискиот Совет Улема, Маруф Амин, биле сведоци од страна на невестата.

– Ја давам раката на мојата ќерка Кахијан Ају на Мухамед Боби Афиф Насутион, син на покојниот Ервин Насутион, со мираз од молитвена облека и 80 грама злато – изјавил Видодо на церемонијата.

Како дел од традицијата, настанот почнал кога генералот на армијата побарал од Видо и првата дама на Индонезија, Ириана, да дадат дозвола на нивната ќерка да се омажи. Откако бил даден благослов, церемонијата почнала.

Народ, претседател
Освен 8.000 гости кои официјално биле поканети, илјадници луѓе излегле на улиците на Суракарта да ја проследат венчавката. Претседателот исто така организирал и превоз на гостите на венчавката. Целта била на венчавката да учествуваат сите општествени сталежи, а и народот да заработи нешто.

Јоко Видодо бил прв градоначалник на Соло, а потоа и гувернер на Џакарта, пред да стане претедател во 2014 годинал. Тој е седми претседател на 260-милионската држава, кој често се нарекува Јокови и доста е популарен кај Индонезијците.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY