Промоција на книгата „Црно на бело” од стрип-авторот Игор Јовчевски

Промоција на книгата „Црно на бело” од стрип-авторот Игор Јовчевски

167
SHARE

Во „Кафе Ли“ вечер од 19 часот ќе биде промовирана книгата со илустрации „Црно на бело“ од Игор Јовчевски, која е трето издание оваа година на издавачката куќа „Стрип квадрат“.

– „Црно на бело“ е книга со илустрации, плод на неговата креативна, повеќегодишна стрип-продукција и цртачка дејност. Книга во која, на еден автентичен начин, сликовно ги осмислува и прераскажува неговите авторски стрип-ликови, но и други вонвременски фигури од популарната култура, соопшти издавачот.

Игор Јовчевски е еден од најпознатите македонски илустратори и стрип автори. Професионално црта од 2004 година. Има освоено повеќе награди во областа на стрипот, но и за илустрација за деца на манифестации како: Меѓународниот салон на стрип во Белград, Балканската смотра на млади стрип автори во Лесковац, Меѓународниот салон на стрип во Велес, Саемот на книга во Скопје…

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY