Антички драми во велешки театар

Антички драми во велешки театар

80
SHARE

Наместо на археолошкиот локалитет „Стоби“, истоимениот Фестивал на античка драма (ФАД) и оваа година ќе се одржи на сцената на велешкиот театар.

Владимир Тевчев

Наместо на археолошкиот локалитет „Стоби“, истоимениот Фестивал на античка драма (ФАД) и оваа година ќе се одржи на сцената на велешкиот театар. Организаторите тврдат дека на локалитетот сè уште не се завршени реставраторските работи, па услови за одржување театарски претстави нема. Поради ова, трета година по ред фестивалот се одржува во велешкиот театар. Директорот на фестивалот, актерот Зоран Љутков добил уверување од локалитетот „Стоби“ дека следната година фестивалот се враќа онаму каде што 13 години се одржуваше.

– Бевме принудени три години да бидеме на нова, времена локација. Во разговорите со раководството на Националната установа „Стоби“, дојдовме до заклучок дека е време фестивалот да се врати на отворено. Голем дел од работите таму се завршени. Ветено ни е дека до крајот на јуни античкиот театар ќе биде подготвен за претстави, но во меѓувреме најдовме и нови локации на локалитетот каде што можат да се играат претстави. Значи, од следната година фестивалот се враќа таму, на отворено, каде што му е и местото – рече Зоран Љутков, директор на фестивалот.
Шеснаесеттото издание на ФАД „Стоби“ ќе почне во петок, на 13 октомври. Публиката ќе има можност да види осум претстави, од кои шест ќе конкурираат за награди. Прилепскиот театар ќе ја одигра „Ништо без Трифолио“, а велешкиот ќе се претстави со „Шумата на моето дрво“. Гостуваат два театри од Казахстан со „Медеа“ и „Филоктет/Медеа“ и по еден ансамбл од Србија со претставата „Перикле“ и Бугарија, кој на сцена ќе го постави „Едип тиранин“.

– Фестивалот ,,Стоби,, е познат во регионот и пошироко, па често театрите сами ни се нудат да учествуваат. Годинава таков е случајот со „Филоктет/Медеја“, претстава специјално направена за нашиот фестивал. Тоа сериозно ни  ја олеснува работата, кога имаме можност да избираме, а не да бараме  – посочи Љутков.

Надвор од конкуренција за награди годинава се студентите од универзитетот ЕСРА со претставата „Животот е магичен круг“, а во чест на наградените, на затворањето на фестивалот, театарот „Комедија“ ќе ја одигра „Стјуардеси“.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY