„Култура Бета“ организира книжевно дружење со поетесата Јулијана Величковска во „Буква“

Неформалното младинско здружение „Култура Бета“ го најави книжевното дружење со Јулијана Величковска. Настанот ќе се одржи на 26 ноември, во кафе-книжарницата „Буква“, со почеток во 20 часот.

Присутните на настанот ќе можат да проследат разговор посветен на делата и преводите на Величковска, читање од стихозбирките „Комарци“ и „Отворена книга“ и од романот „Годишни времиња“, а ќе биде прикажан и поетскиот филм „Комуна Капиштец 2001“ на Марија Шаклева и Сандра Ѓоргиева, направен според истоимената песна на Величковска. Модератор на настaнот ќе биде младиот поет Андреј Медиќ Лазаревски.

Авторката Јулијана Величковска дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Таа е поетеса, писателка, уредничка и преведувачка.

Член е на организацискиот одбор на интернационалната културна манифестација „Поетска ноќ во Велестово“, соосновач е и директорка на „Скопскиот поетски фестивал“, член е на Друштвото на писатели на Македонија и основач на издавачката куќа „ПНВ Публикации“ во Скопје.

Таа е автор на две поетски збирки „Комарци“ (2010, „ПНВ Публикации“) и „Отворена книга“ (2017, „ПНВ Публикации“), еден роман – „Годишни времиња“ (2014, 2015, 2019, „ПНВ Публикација“) и една монографија „20 години Поетска ноќ во Велестово“ (2009, „Поетска ноќ во Велестово“), а е преведувач и на повеќе од 20 дела.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 156, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 26-27 ноември 2022)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот