За кого бијат поповите

За кого бијат поповите

347
SHARE
Злате Лозановски
Злате Лозановски

Отец Тодоров решил да докаже дека може да се оди еден чекор (ако не и сто, како што сугерира името на неговото здружение, односно програмата на ВМРО-ДПМНЕ) понатаму од работ на провалијата на која ја донесоа МПЦ.

Злате Лозановски

 

Македонската православна црква тргна своите проповеди да ги претвора во пастироугодни злодела. Од денеска до петок здружението „Преродба“ на отец Ивица Тодоров ќе организира „мирни“ протести пред Собранието против Законот за употреба на јазиците. Први и, секако, очекувани придружнички се Светскиот македонски конгрес и Македонскиот манифест, а кој стои зад ова тврдокорно сценарио може да се претпостави. И тоа лесно.
Во најавата стои: „Мирниот протест не е против малцинските етнички заедници во Македонија! Протестот е со барање до Владата да го повлече предлог Законот за употреба на јазиците од Собранието, бидејќи е неуставен, не е европски, ги руши унитарноста и територијалниот интегритет на државата…“ Значи, истите „сатанослични“ пораки со тие од мирните протести за „Заедничка Македонија“, кои завршија во крв. Со таа разлика што вулгарниот, насилнички физикус сега ќе биде надграден со духовната сила од МПЦ. Онаа што ја проповедаат нејзините стари, докажани служители на режимот на Груевски, владиците Агатангел и Петар. Се разбира, во сесрдно сослужение на поглаварот Стефан.
Тоа не значи дека Тодоров бил во завет на молк, па не хушкал, не фрлал анатеми или не рекол нешто што не им доликува на владиците или на убијците кои влегоа да тепаат пратеници во Собранието. Но, изгледа дека младиот отец, претседателот на „Движење за духовна обнова на Македонија“, решил да направи чудо: да докаже дека може да се оди еден чекор (ако не и сто, како што сугерира името на неговото здружение, односно програмата на ВМРО-ДПМНЕ) понатаму од работ на провалијата на која ја донесоа МПЦ. Тие во Црквата и тие во Партијата.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY