За Али баба Марко и четириесетте разбојници нема спас!

За Али баба Марко и четириесетте разбојници нема спас!

539
SHARE
Фото Слободен печат

 

Сите јавни обвинители сервисираа одредени криминални деформации, намери или потези на власта, само Марко Зврлевски го сервисираше израснувањето на тие деформации, намери и потези, овој пат на ВМРО-ДПМНЕ, во режим во кој нормалноста ќе биде криминализирана како антинародна и антидржавна деформација.

Нема да има брзо враќање на власт. Нема да има враќање. Никогаш! Ќе има смени на власта, но враќање на оваа ВМРО-ДПМНЕ нема да има никогаш.

 

Бранко Тричковски

 

Можеби овие редови ќе ги читате во моментот кога курирот на Федекс ќе му ја предава на Маркота Зврлевски специјалната пратка со известувањето дека пратениците во Законодавниот дом, со 69 гласа „за“, без ниту еден воздржан или против, го разрешиле чудовиштето од функцијата јавен обвинител на Република Македонија

Или во моментите кога гуската во гаќи од петстотини евра, ќе нарикачи над тажната судбина на човекот на кого му ја должи својата финансиска кондиција која ѝ овозможува скапите гаќи да ги купува полесно отколку што другите жени купуваат влажни марамчиња. Или „Орбит“, гуми за џвакање со вкус на лубеници.

Верувам дека ќе биде така, макар што знам дека злосторничките муви од ВМРО-ДПМНЕ, сè уште не ги имаат истрошено сите способности да мавтаат со крилцата и од проливните говна да прават пудинг по кој бумбарот Марко ќе успее да се искачи и да се спаси себеси и нив да ги спаси од срањата во кои се дават подолго време.

Никогаш веќе ова ВМРО-ДПМНЕ
Но, и ако не биде така, ние имаме доволно материјал за да кажеме макар две несомнени работи:

Сите јавни обвинители сервисираа одредени криминални деформации, намери или потези на власта, само Марко Зврлевски го сервисираше израснувањето на тие деформации, намери и потези, во режим во кој нормалноста ќе биде криминализирана како антинародна и антидржавна деформација. Тој беше измислен, истрениран и поставен за да го сервисира киднапирањето, силувањето и убиството на Македонија со преголеми дози на криминал.

Можно е дека човекот не бил свесен за оваа димензија на својата работа, можеби тој факт на несвесното ќе му симне некоја година од казната, но фактот дека со своето делување или неделување, овозможи нестварни криминали за какви сведочевме и низ ужасите на секојдневниот живот и во бомбите, заедно со специфичната додадена вредност на тој криминал во политичкиот, културниот, финансискиот и меѓународниот отстрел на Македонија како субјект, го форматираат оваа човече со чудовишни злодела како еден од првите обвинети во македонскиот Нирнбершки процес.

Сите сме концентрирани на претставата во Собранието, но јас сакам да обрнам внимание дека статусот на Марко и на неговите несреќни бранители, го дефинира и заокружувањето на водорамната и вертикална инсталација на новата власт, односно на фактот дека кругот на нивното претање само по таа основа се стеснува со секој изминат час. Непрекинато и безмилосно. Ќе бидат оставени без ресурси. Без воздух. Без вода. Без животна средина.

Треба да се потсетиме дека за нив власта беше елемент на тортурата и корупцијата со која обезбедуваа можеби и цели 300.000 гласови. Тоа значи дека смената на власта ги хендикепира одбраните на Марко и на ВМРО-ДПМНЕ на тековен план и одбраните кои се темелат на перспективите на брзото враќање на власт. Нема да има брзо враќање на власт. Нема да има враќање. Никогаш! Ќе има смени на власта, но враќање на оваа ВМРО-ДПМНЕ нема да има никогаш.
Самиот концепт на нивната одбрана произведува дополнителни причини за нивната пропаст. ВМРО-ДПМНЕ, да речеме, се профилира многу под нивото дури и на злосторничкото здружување што го вообличуваше до скоро, сега се претставуваа себе си како обична уличарска бандитска категорија која одбива да си ја плати сметката во кафеаната и прави крш. Со Антонијо и Илче. Спала књига на два бандита. Јасно, многу јасно, се исцртува целиот тој нивен концепт како штеточински проект на злоупотреби на демократските процедури. Како концепт што нема никаква друга смисла надвор од штетите што ги прави врз општите работи. Тоа ќе биде посебно обвинение. Тој пристап радикално ги намалува нивните шанси. Ги советувам да си направат анкета која ќе им покаже дека со таквото поведение не го возбудуваат своето гласачко тело, туку го тераат да си го бара чарето во дистанцата од нив.
Спала књига на два бандита
Широката основа на новата власт има елементи што заслужуваат и сериозна критика, но за темата за која говориме таа основа значи дека битката против криминалното ВМРО-ДПМНЕ не е работа само на СДСМ и на нејзините партнери од албанскиот блок, туку е однос на општеството. Тоа е таа порака што се испраќа. Тоа е таа порака што кажува дека одбраната на Марко и на ВМРО-ДПМНЕ нема шанси!

Никакви!

Нула!

За бандитите, значи, нема спас, тоа е јасно, но за ВМРО-ДПМНЕ, можеби, има. И меѓународната заедница и внатрешните политички фактори, се уште ги третираат како еден од столбовите на политичкиот систем. Промените на тој политички систем се оценети за поризични за стабилноста и перспективите на земјата од напорите и трпението и компромисерството и непринципиелноста, кои треба да се вложат и да се поднесат за да се исчисти злосторничкото здружување од злото односно за да може да остане да биде дел од системот на условно кажано, демократи и републиканци. Мислам дека и СДСМ не е заинтересиран за тотална демонтажа на ВМРО-ДПМНЕ, за забрана и бришење на оваа чудовиште од политичката и културната карта на Македонија. Има логика во тоа. Затоа што бришењето на ВМРО-ДПМНЕ и преиспитувањето на системот може да го доведе во прашање и нивниот статус.

Јас мислам дека тоа е погрешен пристап. Но, тоа е тоа. Тоа е политичкиот амбиент во кој мораме да живееме затоа што не сме во состојба да го промениме. Важно е да се разбере дека ако ВМРО-ДПМНЕ мора да остане, притисокот врз злосторничкото здружување мора да се засилува, а не да се олабавува. Како што понекогаш се добива впечаток кога се анализираат некои потези, изјави и сл. од страна на СДСМ. Не сум сигурен дека е можно упристојување на тоа чудовиште, но ако има и најмали шанси, нив ги гледам во радикалната критика и жестокиот притисок што ќе оди до нивото да гарантира трансформација на ВМРО-ДПМНЕ до непрепознавање.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY

four × 1 =