Што ми е мило ем драго, во Македонија право и правда ќе...

Што ми е мило ем драго, во Македонија право и правда ќе има!

341
SHARE

Во 2006 година, веднаш по изборите, бил усвоен Записник во кој е содржана одлука со која судиите во иднина не смеат да носат пресуди против Република Македонија!

За да ме замолчат, за бизарни работи, со години ме „влечеа“ по судските лавиринти, нанесувајќи ми сериозни здравствени последици!

 

Коста Стоименовски

Многу ми е мило кога гледам како осомничените незаситни арамии и кабадахии, кои 11 години ги тормозеа сите што не се согласуваа со нивната политика, сега како „попчиња“ одат на сослушување во СЈО или на судење во судовите! По сослушувањата излегуваат на „задните“ влезови!? Кој и зошто им го дозволува тоа?
За да ме замолчат, за бизарни работи, со години ме „влечеа“ по судските лавиринти, нанесувајќи ми сериозни здравствени последици!

Во канџите на судот…

Петнаесет месеци пред исполнувањето на условите за пензионирање, решив да побарам апанажа, врз основа на законот од 1990 година, согласно со кој на Филип Петровски, кој една и пол година беше генерален конзул на РМ во Њујорк, му беше овозможено да користи апанажа во траење од една година. Согласноста за користење апанажа беше во надлежност на Претседателот на РМ. До Кабинетот на шефот на државата поднесов Барање за користење апанажа, но откако не добив каков било став, ургирав одговор. Во одговорот потпишан од „велеучената“, на странски универзитети, шефица на шефот на државата, бев поучен дека своите права треба да ги остварувам во ресорното министерство, односно во МНР!
По ваквиот лицемерен одговор решив да поднесам тужба против државата. За адвокат ангажирав куќна пријателка, која порано беше високо поставена во правосудските органи. На почетокот, ветуваше дека предметот е чист и дека брзо и лесно ќе го добие спорот! Меѓутоа, по две години и по 7-8 судски рочишта, започна да „пее“ друга песна: „Па што мислиш ти, вакви спорови траат по 5, 10, па и повеќе години!“
По ваквото некоректно однесување на адвокатката, до Адвокатската комора на РМ (АКРМ) поднесов претставка, во која наведов дека „адвокатите што ја злоупотребуваат довербата на клиентите нанесуваат резил на адвокатската професија и на АКРМ!“ Навредена поради мојата претставка, адвокатката до Основниот суд Скопје 1 поднела тужба против мене за клевета. Тужбата била доделена на судија, меѓутоа, адвокатката тужбата ја пренасочила на „аргатката“ на злосторничкото здружение во скопската Единица, Дијана Груевска – Илиевска, која два пати ми досудуваше казна од 350 евра. Апелација двапати ја укинуваше пресудата и предметот го враќаше на повторно судење на првостепениот суд. Спомнатата судијка истата пресуда ја донесе и по третпат, меѓутоа, во меѓувреме предметот застари и така се спасив од тормозењето на криминализираното, сваровско судство. Намерата на адвокатката и на судијката беше макар со симболична казна, на тужителката да ѝ се овозможи да поднесе тужба за „нанесени душевни болки“ и со лажни медицински наоди да бара огромни пари! Кај некои пријатели се заканувала со најавата „ќе го одерам!“ Морам да признам дека, соочувајќи се со крајно корумпираното судство, бев мошне исплашен од судско-адвокатскиот октопод. Судските курири ѕвонеа на мојата врата практично секоја недела или на две седмици, така што мислев дека ќе му нема крај на ваквото тормозење!

 …И на Зврлевски

Во одговорот на мојата претставка до АКРМ, адвокатката нè обвини мене и еден од моите синови за компјутерски криминал! Во вечерните часови во 2012 година двајца полицајци на мене и на мојот син ни врачија покани за сослушување кај инспекторот во СВР, Јанко!
По упорното барање, одвај успеав од Дисциплинскиот обвинител на АКРМ да го добијам одговорот на адвокатката, врз чија основа поднесов тужба за клевета. Тужбата ѝ беше доделена на судијката Марија Клетничка-Георгиевска, на која ѝ требаше време од безмалку две години да утврди дали тужбата е поднесена во законскиот рок! А откако доби налог од злосторничкото здружение, спомнатата судијка експресно ја отфрли тужбата, со целосно спротивен аргумент со кој беа носени пресудите против мене: „Одговорот на адвокатката бил поднесен до надлежен орган и затоа нема клевета!?“
До скопското обвинителство поднесов барање на информација за тоа кој поднел лажна пријава за компјутерски криминал. Во одговорат што го добив од скопското обвинителство беше наведено дека против мене нема каква било пријава! Неколкупати писмено се обраќав до главниот скопски обвинител Марко Зврлевски и на средбата што ја имав со него, во присуство на една негова соработничка, призна дека пријавата ја поднела спомнатата адвокатка, дека покрај мене и мојот син пријавила уште неколку лица и дека лично тој барал јас и мојот син да бидеме повикани на сослушување! Уште неколкупати барав скопското обвинителство да потврди дека лажната пријава е поднесена од адвокатката, но одговор не добив! На втората и последна средба, обвинителот Зврлевски, без присуство на неговата соработничка, негираше се што ми рече на првата средба!
Со оглед дека во целиот случај беше инволвирано и Министерството за внатрешни работи неколкупати се обраќав до полициската министерка Гордана Јанкулоска, која, со цел да ја заштити својата колешка од политичката академија на ВМРО-ДПМНЕ, упорно одбиваше да потврди дека лажната пријава ја поднела адвокатката!

Заробена држава

Да се вратам на спорот за апанажата. Спорот на крајот го загубив, не само што ми беше ускратено законското право на апанажа, туку претрпев и големи финансиски штети, за судски такси, за адвокати и за извршителот! По формирањето на Владата во 2006 година, веднаш бил усвоен записник во кој е содржана одлука со која судиите во иднина не смеат да носат пресуди против РМ! Оваа одлука на претседателите на судовите во Македонија, согласно со записникот, им ја пренел озлогласениот гробар на македонското правосудство! Со ваквата одлука на Владата, нејзиниот челник под своја капа ги стави сите државни, односно народни пари, кои расипнички ги трошеше, без каква било контрола, за сулуди „проекти“ и за „билдање“ на контата на злосторничкото здружение во светските перилници на пари!! На тој начин беа ставени темелите на „правната“ држава на преродбениците, која во Извештајот на Прибе е квалификувана како заробена држава!
Се надевам дека Советот што е формиран за реформи во правосудството, во интерес на заживувањето на владеењето на правото во државата, не само што од правосудството ќе ги отстрани корумпираните и партизираните судии, туку и ќе ги санкционира, како битен предуслов за ослободување на заробената држава (Прибе).

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY