Republic Of Northern Macedonia

Republic Of Northern Macedonia

691
SHARE
Фото Слободен печат

Да не ја загадуваме околината на идните генерации!
Ние мораме да го смениме уставното име, ако сакаме идните генерации да добијат шанса како Македонци. Па дури и шанса да одат на Марс.

Пишува Руди Лазаревски

Утре е нов ден. Задутре е 2018 година. За три години НАСА планира слетување на ново возило на Марс. Ние не одиме никаде, а најмалку на Марс. Но, задутре имаме шанса да почнеме полека да одиме кон ЕУ, без разлика во која форма ќе биде додека стигнеме. Но едно е сигурно. Мораме да почнеме да одиме задутре натаму. It’s mandatory! Од кого зависи? Најмногу од нас. Затоа што, може да останеме и да не одиме никаде! А првите луѓе според оптимистичкото сценарио, за 13 години ќе слетаат на Марс! А ние пак нема да одиме никаде.

Кога велам дека зависи од нас, мислам на луѓето што полека се загреваат да го „дрват“ наредниве месеци особено мудрувајќи низ ослободениве медиуми со своите колумни одеднаш во сите медиуми. Тоа е веројатно поради три-четириплицирање на хонорарите. Тие не мислат на идните генерации што сакаат да одат и на Марс ако може, тие сакаат да го „дрват“, лечејќи ги комплексите, суетите и нивната незаборавна важност и влијателност во последниве 27 години. Тешко ќе се издржи таа цела булумента на еминентни дипломатски есенции, како што вели Среќко Шоиќ.
Суетата, комплексите, лошите и добрите слики и спомени во домашен споменар! Да не ја загадуваме околината на идните генерации!
Крај! Ние мораме да го смениме уставното име, ако сакаме идните генерации да добијат шанса како Македонци. Па дури и шанса да одат на Марс.

Историјата кај историчарите. Малцинските права во заедничкиот Дом. Географијата не трпи територијални претензии. Дрварите во Споменар!

Затоа ми се допаѓа новото потенцијално уставно име Republic Of Northern Macedonia. Затоа што е комплексно, со географска одредница и нема историски импликации. А тоа се и барањата на соседна Грција. Лично, ми се допаѓа ако некој ме нарече северномакедонец. Нема да бидам сигурно среќен ако ме нарече вардарец или фиромец и тоа да им го оставам во наследство на моите поколенија.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY