Реформи во високото образование

Реформи во високото образование

409
SHARE
Фото Слободен печат

Македонија би требало да ги проанализира и да ги преиспита состојбите со странските високообразовни институции во државата! Постои итна потреба да се стави крај на анархијата во високото образование!

 

Коста Стоименовски

 

Во 2004 година во Полска имаше вкупно 370 универзитети, од кои 70 државни и 300 приватни. Сите овие универзитети имаа домицилен карактер. Полските власти, на разни начини, го спречуваа отворањето на странски универзитети, колеџи или нивни филијали во Полска! Само неколку најелитни приватни универзитети имаа право да доделуваат магистерски и докторски титули!
Во соседна Србија пред 9 години имаше 7 државни и 7 приватни универзитети, а согласно со најновите сознанија, сега таму има 8 државни и 10 приватни универзитети. Во Србија, исто како, и во Полска нема странски универзитети, колеџи или нивни филијали!?
Во Македонија, за жал, нема податоци за бројот на државни и приватни универзитети и факултети (не се знае дали т.н. Штулов универзитет во Тетово е државен или приватен?)! Не се знае, исто така, колку странски универзитети, колеџи или нивни филијали има во државата!? Недозволиво е некои „универзитети“ да позајмуваат професори од други универзитети, со цел да добијат акредитација! Критериумите за акредитација на високообразовните институции се катастрофални, што го сведува нивното ниво на најниски гранки! Согласно со некои сознанија (од медиумите) и Правниот факултет во Кичево има право да доделува докторски титули!?
Впечаток е дека дисперзираните факултети беа основани со цел членовите на поранешната владејачка партија, кои беа вработени во администрацијата, да ја „зајакнат“ својата позиција со факултетски дипломи, а некои од нив немаа завршено ни средно образование! Некои луѓе што немаа завршено средно образование, преку ноќ се здобија со магистерски и докторски титули и, на тој начин, беа промовирани во универзитетски професори! Во земјите со демократски и цивилизациски традиции научните титули добиваат одредница „Cs“, што во Македонија е мислена именка!
Поранешната власт воведе екстерно тестирање за учениците, кое актуелната власт го укина. Мислам дека екстерно тестирање треба да се воведе за луѓето кои во последните десетина години експресно се здобија со факултетски дипломи и со магистерски и докторски титули! Во јавноста се шират шпекулации дека некои приватни универзитети, меѓу кои и некои странски, доделуваат дипломи за неколку илјади евра!? Начинот на кој треба да се направи екстерното тестирање, вклучително и преку верификација на мегистерските и докторските трудови, треба да го прецизира МОН! Мислам дека веродостојно екстерно тестирање за луѓето кои експресно се здобија со научни титули може да се постигне со ангажирање на истакнати научни кадри од поранешните југословенски републики и од соседните земји.
Имајќи го предвид искуството на земјите кои не дозволуваат основање на странски универзитети, колеџи и/ли нивни филијали, Македонија би требало да ги проанализира и да ги преиспита состојбите со странските високообразовни институции во државата! Постои итна потреба да се стави крај на анархијата во високото образование! (Плусинфо)

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY