Опиени од моќ 

Опиени од моќ 

402
SHARE
Злате Лозановски
Злате Лозановски

За да се смени што било, треба да се направат поцивилизирани акции од казненичките. Промени по кои ќе се создадат услови за отворање, а не за затворање угостителски објекти.

Пишува Злате Лозановски

Секоја власт, особено додека е нова, демонстрира (прекумерна) сила против угостителските објекти. Дали од исто толку прекумерна употреба на зборовите слобода, живот, правда и сличните на нив, се доби впечаток дека оваа, актуелнава, ќе биде исклучок од тоа правило. Но, само било прашање на време кога ќе го потврди. Во координирана акција на МВР, УЈП и на Инспекторатот за труд и тој за пазар, во Скопје беа затворени 13 угостителски објекти. Портпаролот на МВР објасни дека била спроведена „по направените анализи и оперативни сознанија дека во голем број угостителски објекти не се почитуваат прописите во поглед на работното време, точење алкохол на малолетни лица, неиздавање фискални сметки и слично“. Не требало да се трудат. Кога станува збор за македонските кафулиња, „анализите и оперативните сознанија“ од овој тип не само што се одамна направени, а резултатите однапред познати, туку тие важат и може да користат – поточно да се злоупотребуваат – секогаш и во секое време. (Да не зборуваме за огромниот простор за манипулации и „сознанија“ во врска со проценката каде и во кој простор ќе може слободно да се пуши).

Тоа значи дека ниедна полициска акција, па ни оваа, независно од нејзината бруталност, нема ништо да смени во поглед на почитувањето на работното време, точењето алкохол и слично. Само што после неа извесно време многу луѓе ќе останат без работа, без пари, државата без даноци…

За да се смени што било, треба да се направат „длабински“ анализи, да се добијат покорисни оперативни сознанија и да се преземат потрајни и поцивилизирани акции од казненичките. Накратко – промени по кои ќе се создадат услови за отворање, а не за затворање угостителски објекти.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY