О зо­ти Ах­мети, кој тоа ми­рот го ре­мети?

О зо­ти Ах­мети, кој тоа ми­рот го ре­мети?

414
SHARE
Фото Слободен печат

Ми ѕво­ни пред не­кој ден Пе­ро во два по пол­ноќ да ми ка­же виц. Има тој та­ков оби­чај, ко­га ќе ос­та­не зат­ру­пан на ав­то­па­тот Скоп­је – Ве­лес, вр­ти и ка­жу­ва ви­це­ви за „Ма­ке­до­ни­ја пат“.
Се вра­тил ма­жот не­о­че­ку­ва­но по­ра­но од ра­бо­та до­ма кај сво­ја­та не­вер­на жена, ја из­не­на­дил што се ве­ли ко снег во ја­ну­ари, и са­мо што вле­гу­ва до­ма – ѕво­ни те­ле­фо­нот.
– Не, гос­по­дине, сте го згре­ши­ле бро­јот, не е ова „Ма­ке­до­ни­ја пат“.
За не­кое време, пак ѕво­ни те­ле­фо­нот.
– Не, гос­по­дине, сте го згре­ши­ле бро­јот, не е ова „Ма­ке­до­ни­ја пат“.
От­ка­ко уш­те не­кол­ку­па­ти се пов­то­рило, ма­жот оди из­нер­ви­ран кај же­на­та и ѝ вели:
– Значи, как­ви де­би­ли има, де­сет па­ти ве­ќе ѕво­нат и пра­шу­ва­ат да­ли е чист па­тот.

И така, еве и овој ја­ну­ари, ма­ке­дон­ски­от гра­ѓа­нин се чув­ству­ва из­не­ве­ре­но ко­га е „Ма­ке­до­ни­ја пат“ во пра­шање. Иа­ко ре­дов­но си ги из­вршу­ва­ме брач­ни­те об­врски на се­ко­ја па­та­ри­на и при се­ко­ја ре­гис­тра­ци­ја (на во­зи­ло­то се мисли), „Ма­ке­до­ни­ја пат“ пов­тор­но нѐ из­не­вери. Но, овој пат држа­ва­та тоа го нап­ра­ви со стил – не­кол­ку де­но­ви од­нап­ред ни на­ја­ви де­ка сне­гот ќе ја из­не­нади.

И тол­ку за сне­гот. Сѐ ос­та­на­то за оваа ат­мос­фер­ска по­ја­ва ве­ќе про­чи­тав­те на Феј­с­бук, со ог­лед на тоа што из­ми­на­ти­ве де­но­ви снег па­ѓа­ше со ин­тен­зи­тет од три ста­ту­си во се­кунда.
Да, за сне­гот толку, но доз­во­ле­те уш­те мал­ку за не­вер­ствата.

Зо­ти Ах­ме­ти и зо­ти Гру­ев­ски ка­ко ре­зер­вен план чу­ва­ат ва­ри­јан­та да ја по­ниш­тат вол­ја­та на гра­ѓа­ни­те од 11 де­кем­ври

 

Али Ах­ме­ти вче­ра во интервју за ТВ 21 ни со­оп­шти де­ка ако не нап­ра­ви ко­а­ли­ци­ја со Ни­ко­ла Гру­ев­ски, ќе си ги из­не­ве­рел принци­пи­те и ќе ги заг­ро­зел ста­бил­нос­та и ми­рот на зем­јата. Не де­ка оваа из­ја­ва неш­то осо­бе­но нѐ из­не­нади, не сме до тол­ку та­пи ко „Ма­ке­до­ни­ја пат“, па се­пак не бе­ше при­јат­но да се чуе де­ка и по­сле сѐ – овие двајца и на­та­му пла­ни­ра­ат Ма­ке­до­ни­ја да ја др­жат во пат-по­зи­ција.

От­ка­ко из­вон­ред­ни­от и нас­тој­чив но­ви­нар на еми­си­ја­та „Клик плус“ и 20-ти пат по ред го пра­ша Ах­ме­ти да­ли ќе ко­а­ли­ци­ра со Гру­ев­ски, ус­пеа да из­ну­ди ед­на теза, би ре­кол, по­де­фек­тна и од ба­ге­ри­те за чис­те­ње на сне­гот по па­тиш­тата: Во 2006 го­ди­на Гру­ев­ски го нав­ре­ди ал­бан­ски­от на­род со тоа што нап­ра­ви ко­а­ли­ци­ја со по­ра­зе­на­та пар­тија, се­га ма­ке­дон­ски­от на­род се оп­ре­де­ли за ВМРО-ДПМНЕ, мо­рам доб­ро да иза­на­ли­зи­рам пред да ја на нап­ра­вам ис­та­та грешка.

Зош­то е оваа те­за на зо­ти Ах­ме­ти де­фек­тна?

Прво, за­тоа што из­бо­ри­те во 2006 и 2016 го­ди­на се то­тал­но раз­лич­ни при­каз­ни пог­лед­на­ти низ приз­ма­та на ет­нич­ки пар­тии-ви­не­ри и ет­нич­ки пар­тии-лу­зери. Пред де­сет го­ди­ни на пи­е­дес­та­лот има­ше две ко­а­ли­ции кои од из­бор­ни­от про­цес из­ле­гоа ка­ко јас­ни по­бед­ни­ци во два­та ет­нич­ки из­би­рач­ки кам­пуса. Во 2016 да­ли во­оп­што ќе има ма­те­ма­тич­ки по­бед­ник ко­га е бро­јот на пра­те­ни­ци во пра­ша­ње од­лу­чу­ваа двес­те гла­са во Те­арце.

Се­га не­ма ја­сен по­бед­ник, но, има при­лич­но јас­но де­фи­ни­ра­на вол­ја кај гла­са­чи­те за про­мени. Таа вол­ја мо­же и ма­те­ма­тич­ки да се из­рази, но таа вол­ја Ах­ме­ти мо­же­ше јас­но да ја по­чув­ству­ва и на сво­ја ко­жа ка­ко нај­ја­сен гу­бит­ник на из­бо­ри­те со препо­ло­ве­на пра­те­нич­ка група. По­јас­но здравје!

Второ, за раз­ли­ка од „ет­нич­ки чис­тите“ из­бо­ри то­гаш, се­га имав­ме ма­сов­но гра­ѓан­ско оп­ре­де­лу­вање. И тоа овој пат бе­ше на­јиз­ра­зе­но ток­му кај Ал­банците. Та­ка што, гла­со­ви­те тре­ба на еден кан­тар да се ме­рат, не на два. Не е са­мо ре­зул­та­тот на СД­СМ ет­нич­ки ме­шан ка­ко што тврди Али. Не­го­ва­та те­за де­ка гла­сач­ко­то те­ло на ко­а­ли­ци­ја­та на Гру­ев­ски се 100 от­сто Ма­ке­донци и за­тоа тој ги прет­ста­ву­ва ис­клу­чи­во нив е те­жок фалц, за­тоа што по­ра­ди пар­ти­и­те на Ам­ди Бај­рам, Ер­до­ган Са­рач и Иван Сто­и­љко­виќ, во вкуп­ни­те 455.000 ос­во­е­ни гла­со­ви се прок­ни­же­ни и ром­ски и тур­ски и срп­ски, па си­гур­но и по не­кој ал­бан­ски глас.

Трето, ше­фот на ДУИ ако ги слу­шал „бом­бите“, а бездру­го ги чул (или му ги рас­ка­жале, ка­ко што му ги рас­ка­жу­ва­ле ин­тер­вју­а­та на Гру­ев­ски), си­гур­но знае де­ка нај­мал­ку ед­ни из­бори, оние во 2011 го­дина, ВМРО-ДПМ­НЕ де фак­то ги из­гу­била, но го до­би­ла ман­да­тот по­ра­ди из­бор­ни­те не­ре­гу­лар­ности. Да­ли тоа зна­чи де­ка Ах­ме­ти ве­ќе ед­наш ги нав­ре­дил Ма­ке­донци­те со тоа што вле­гол во вла­да на по­ра­зе­на­та пар­тија?

Чет­врто, Ах­ме­ти си пу­ка во ко­ле­но твр­деј­ќи де­ка пој­дов­на точ­ка му е ста­бил­нос­та и ми­рот во зем­јата. Ако се оби­де ова да го ис­ко­рис­ти ка­ко али­би за но­ва ко­а­ли­ци­ја со кри­ми­нал­ни­от врв на ДПМНЕ, ќе го по­сти­гне ток­му спро­тив­ни­от ефект. Не­ма правда, не­ма мир, зо­ти Ах­мети. Ток­му оп­ста­но­кот на кри­ми­нал­на­та бан­да е нај­го­ле­ма за­ка­на за ми­рот и ста­бил­нос­та во мо­мен­тов.

Петто, овие на 11 де­кем­ври не беа са­мо обич­ни из­бори. Ова бе­ше ре­фе­рен­дум­ско из­јас­ну­ва­ње да­ли ќе се од­го­ва­ра за кри­ми­на­лот од еп­ски раз­ме­ри што се слу­чу­ва­ше из­ми­на­та­ва де­када. Не ста­ну­ва збор за ку­ка­вич­ко јајце што вла­ди­на­ва ко­а­ли­ци­ја пак са­ка да ни го смес­ти во гнез­дото. Не, Ах­ме­ти мно­гу доб­ро знае де­ка ста­ну­ва збор за кри­ми­на­лен ди­ну­са­у­рус што се ис­пи­ли од ил­јад­ни­ци­те прис­лу­шу­ва­ни раз­го­во­ри и кој се­га не мо­же ни­ту лес­но да се убие ни­ту лес­но да се храни.

Ма­ке­до­ни­ја пат пов­тор­но нѐ из­не­вери. Но, овој­пат држа­ва­та тоа го нап­ра­ви со стил не­кол­ку де­на од­нап­ред ни на­ја­ви де­ка сне­гот ќе ја из­не­нади

Овој кри­ми­на­лен ди­ну­са­у­рус – еден го­лем апа­рат што ра­бо­ти за бо­га­те­ње на мал број лу­ѓе – ако гра­ѓа­ни­те гла­саа да пре­жи­вее, ќе гла­саа да про­дол­жи да рас­те и да се хра­ни бук­вал­но со жи­ви луѓе. За среќа, мно­зинство­то из­би­ра­чи го препоз­на тоа и (овој­пат без ни­ка­ков ет­нич­ки пред­з­нак) гла­са­ше чу­до­виш­те­то да би­де ум­р­тве­но до­де­ка тоа сѐ уш­те е можно.
Ако са­ка­ме да го уп­рос­ти­ме и да го из­вул­гар­ни­зи­ра­ме овој ре­фе­рен­дум, да, тој на не­кој на­чин бе­ше оп­ре­де­лу­ва­ње за суд­би­на­та на СЈО ка­ко единстве­на шан­са во Ма­ке­до­ни­ја да има прав­да и да се ре­а­ни­ми­ра кли­нич­ки мр­тва­та прав­на држава.

И по­следно, но не нај­мал­ку важ­но – лаж­на е те­за­та де­ка из­не­се­ни­ов став на Ах­ме­ти е пот­прен на не­как­ви принципи. Тој е из­ле­зен од нед­ра­та на стра­вот за сво­ја­та лич­на сло­бо­да на фун­кци­о­не­ри­те од ДУИ кои има­ат од вмров­ски­от пу­тер на сво­и­те глави.

Така, кро­це ка­ко ко­ло­на во­зи­ла на снег, до­а­ѓа­ме и до та­ка­на­ре­че­на­та пла­т­фор­ма сос­та­ве­на под пок­ро­ви­тел­ство на Ах­мети, а со пот­пис и на Се­ла и Ка­сами. Не гле­дам јас ниш­то спор­но во са­ма­та сод­ржи­на на до­ку­мен­тот. Јо­хан, не овој пра­те­ни­кот со кој Али пла­ни­ра да ко­а­ли­цира, ту­ку Јо­хан Пес­та­ло­ци ре­кол – се­кој чо­век мо­ра се­бе­си да си по­с­тави не­ко­ја цел ко­ја во тој миг не мо­же да ја до­сегне, за се­ко­гаш да има кон што да се стреми.

Слич­но е и со пар­ти­ите. Да, мал­ку ми е глу­па­во што во 21 век во­деч­ки пар­тии се ба­ват со не­как­ви ге­но­ци­ди од ми­на­то­то (при та­зе ге­но­цид од из­ми­на­та­ва де­када), но елем, нив­но право. Тоа што е по­го­лем проб­лем во пла­т­фор­ма­та е неј­зи­на­та вис­тин­ска цел, ко­ја не е дел од сод­ржи­ната, ами леб­ди не­ка­де над неа – а таа е да се пре­диз­ви­ка­ат но­ви из­бори.

Со дру­ги збо­рови, зо­ти Ах­ме­ти и зо­ти Гру­ев­ски ка­ко ре­зер­вен план чу­ва­ат ва­ри­јан­та да ја по­ниш­тат вол­ја­та на гра­ѓа­ни­те од 11 де­кем­ври. Дека, нели, тие се по­бед­ници, а се­кој по­бед­ник са­ка да ја по­ниш­ти сво­ја­та по­беда, така?

СД­СМ во ме­ѓув­ре­ме не смее да се од­не­су­ва ка­ко зас­па­на уба­ви­ца ко­ја че­ка да би­де бак­на­та од принцот од Ма­ла Ре­чи­ца и по­тоа на бел коњ да би­де од­не­се­на во дво­ре­цот-шам­пи­та на Илин­ден­ска. Јас­на е нив­на­та на­ме­ра да го ос­та­ват Гру­ев­ски да се пе­че на ти­вок оган овие 20 дена, но на овие нис­ки тем­пе­ра­тури, мо­ра ба­рем да го пав­ка­ат жа­рот за да не се из­гас­не ог­нот.

Пар­тнер­ство­то на се­гаш­ни­те пар­тне­ри во влас­та по ова по­след­но ин­тер­вју на Ах­ме­ти мо­же­би из­гле­да замрзнато, но ве­ру­вај­те ќе се сто­пи поб­р­зо и од па­тиш­тава, со прво­то по­топ­ло вет­ре на про­ме­ните.

Да, па­тиш­тата. Не­ка­ко не мо­жам да зас­пи­јам, ме гри­зе­ше со­вест – јас во топ­ла постела, а та­му не­кои заг­ла­ве­ни во снег по па­тиш­тава. Па, се се­тив кај че­ти­ри по пол­ноќ и јас да ги заг­ре­ам Пе­ро и же­на му со еден виц.

Бе­га­ат Гру­јо и Али од зат­вор и гле­да­ат де­ка над­вор из­нав­рна­ло снег.
– Што ќе пра­ви­ме сега, ај се вра­ќа­ме на­зад – ве­ли Али.
– Не бе, как­во на­зад, има­ме син­џи­ри на но­зе­те – му од­го­ва­ра Грујо.

Па­тот до прав­да­та и на­та­му е лиз­гав и теш­ко про­о­ден. Но, доб­ра­та вест е што од­го­во­рот да­ли ќе се рас­чисти, за Гру­јо и не­го­ви­те пај­та­ши да до­би­јат зим­ска оп­ре­ма на но­зете, нај­мал­ку за­ви­си од „Ма­ке­до­ни­ја пат“.

Призма

Сашо Кокаланов

 

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY

one × five =