Нajче на тезга

Нajче на тезга

664
SHARE

Мирјана Најчевска објави дека на пазар дознала дека е членка на Советот за реформи во судството. Еве како се случило тоа!

Пишува Бранко Героски

Тргнала Најче да фати тезга. Не бре „онаква“ тезга, па вие… Тезга на пазар. Да купи кисела зелка. Да свитка сарма. Да поужива малку во животов што ни дојде така ненадејно.

– Повелете, госпоѓо Најчевска. Ваква тезга нема на целиот пазар. Ајвар, туршија, кисела зелка како килибар – нуди веселата продавачка.

Кој не ја знае Најче, не знае дека кај неа секоја тезга не поминува. Барем не евтино. Ја мерка тезгата од сите страни, потоа продавачката и на крајот пробува од зелката.

– Пих! И ова вие го нарекувате кисела зелка?!

– А зошто, што ѝ фали на мојата зелка? – збунето прашува продавачката.

– Блага е. Уште не е скиселена како што треба! – експертски коментира Најче.

А жената од тезгата некако ѝ е позната. Да не се знаат од шарената револуција? Или од гастро можеби?

– Е па таква е зелката, иста како и вашите реформи во судството! – налутено возвраќа продавачката.

– Ама што ви е вам! За какви реформи во судството зборувате? Што имам јас со некакви реформи таму?! – протестира Најче.

Кој не се карал со Најче, не знае дека со неа не треба да фаќа кавга. Арно ама, жената од тезгата е упорна:

– Си знаете вие, госпоѓо Најчевска…

– Што да знам?! Што треба јас да знам?! – врие Најче и веќе се наѕира претставка до Хелсиншкиот комитет за човекови права за мобинг на тезга.

– Па тоа, за реформите… Нели вие сте член на Советот за реформи во судството? – прашува продавачката.

– Од каде па тоа сега? – стаписана е Најчевска.

Жената од тезгата ја враќа благата зелка во кантата и со кисела насмевка, која вели „и од вас ништо не бидува“, ја теши нашата јуначка, која веќе е во состојба на анафилактичен шок:

– Госпоѓо Најчевска, вие сте членка на Советот за реформи во судството. Ако не ми верувате мене, ете, прашајте на соседната тезга. И на таа до неа…
Е луѓе мои, што време дојде. Не смее човек на пазар да појде. Може да дознае дека станал член на некој совет, на некој управен одбор, директор можеби… Стра

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY