Маќеата на славните сестри Вилијамс: Нивниот татко ме изгладнуваше мене и синот, немавме ништо! (ФОТО)

Маќеата на славните тенисерки Серена (38) и Венус Вилијамс (39) објави дека нивниот татко ја изгладнувал и дека била принудена да го продаде камперот зад негов грб со цел да преживее.

Овие тврдења се најновите детали кои протекоа од тужбата која поранешниот тениски тренер ја подигна против сопругата Лакиша Греам (41), а таа сега подготви одбрана.

принтскрин/јутјуб

Сопружниците веќе некое време се во судски просец околу својот дом на Флорида, а таткото на тенисерките нивната маќеа ја обвини дека го натерала да потпише документи за хипотека, така што му подметнала документи.

Претходно во судот протекоа детали дека Ричард Вилијамс (78) боледува од деменција и повреда на мозокот која е неизлечлива.

твитер

Лакиша призна дека со измама дошла до неговиот потпис, но тврди дека направила сесамо за да може да купи храна за себе и нивниот седумгодишен син Дилан.

твитер

– Немав ниту цент, а сопругот не ми помагаше, а не му помагаше ниту на нашиот син. Морав да продадам нешто со цел да купам храна, немавме ништо, изјави таа.

Парот е во судски спор од 2017 година.

принтскрин/јутјуб

The post Маќеата на славните сестри Вилијамс: Нивниот татко ме изгладнуваше мене и синот, немавме ништо! (ФОТО) appeared first on Еспресо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот