Ло­па­ти и ло­па­тари

Ло­па­ти и ло­па­тари

318
SHARE

Скопје, не­ка­де во осум­де­сет­ти­те го­ди­ни од ми­на­ти­от век. Јас, де­те на око­лу де­вет-де­сет го­дини. Зи­ми­те се­ко­гаш асо­ци­раа на Но­ва го­дина, па­кет­чи­ња и рас­пуст, на две не­де­ли сло­бода. А тој, рас­пус­тот, по пра­ви­ло асо­ци­ра­ше на снег, на мно­гу снег. Го ис­че­ку­вав­ме со нет­рпе­ние. Во ут­ра­та прво про­ве­ру­вав­ме кол­ку нав­рнал во те­кот на ноќ­та и да­ли е до­вол­но за пра­ве­ње Снешко, за сан­ка­ње или за лиз­гање.

Оде­ње­то над­вор бе­ше ри­туал. И се­како, бе­ше доз­во­ле­но до „тре­та мајка“ пре­соб­ле­ку­ва­ње од на­мок­ре­на во су­ва об­лека. По тре­то­то пре­соб­ле­ку­вање, има­ше заб­ра­на за оде­ње над­вор, до след­ни­от ден.

Освен на без­гриж­на­та игра, сне­гот ме пот­се­ту­ва на ло­пати.

Во на­ши­от влез се­кој по до­ма си има­ше ло­па­та за чис­те­ње снег. По не­кој не­пи­шан до­го­вор, ба­рем ме­не ми се чи­не­ше де­ка ста­ну­ва­ше збор за не­пи­шан до­го­вор, си­те чис­теа пред сво­јот влез.  Пра­веа па­те­ки до ед­на цен­трал­на па­тека, ко­ја се про­те­га­ше во дол­жи­на на згра­ди­те пре­ку пар­кин­гот до тро­то­а­рот на глав­на­та улица, од која, пак, се из­дво­ју­ваа по­ма­ли па­те­ки до ав­то­бус­ки­те по­стој­ки или до вле­зот на про­дав­ни­ци­те и тра­фи­ките.

Освен ло­па­та „за по дома“ имав­ме и ло­па­та што за­дол­жи­тел­но бе­ше во кола, оти не зна­еш ко­га ќе имаш пот­ре­ба да чис­тиш  снег за да ја од­гла­виш ко­лата.

Ло­па­ти­те во тоа вре­ме беа наши, на­род­ски. Се­кој ги имаше.

Но, ка­ко по­ми­ну­ва­ше вре­мето, ло­па­ти­те прес­та­наа да би­дат на­ша на­род­на соп­стве­ност. Дој­де плу­ра­лиз­мот, де­мок­ра­ти­јата, из­бо­рите, па тие, ло­па­тите, на чу­ден на­чин се „реб­рен­ди­раа“. Од сим­бол на ра­бот­нич­ка­та кла­са и на­ро­дот, ста­наа сим­бол на по­ли­тич­ки­те елити, пар­тис­ки ли­дери, кан­ди­дати, гра­до­на­чал­ници, пре­ми­ери…

Па така, ло­па­ти­те беа сос­та­вен дел од се­ко­ја из­бор­на кам­пања, ко­га се пло­гаа ка­мен-те­мел­ни­ци на без­број но­ви об­јек­ти што „са­мо што не се из­гра­диле“. Се­кој по­ли­ти­чар, на­де­жен и до­ка­жан, си има­ше сво­ја ло­пата, чес­то ук­ра­се­на со пан­делка, ко­ја во те­кот на из­бор­на­та кам­па­ња бе­ше глав­но ору­дие за рас­чис­ту­ва­ње на па­тот до нив­на­та по­беда.

Ло­па­ти­те ста­наа нивни, на ели­тите. Сне­гот прес­та­на да ги ин­те­ре­сира. Сне­гот е наш проб­лем, а из­бор­ни­те по­бе­ди ни­вен, што има ту­ка не­јасно?

Се­га сне­гот од 20 сан­ти­мет­ри ни е проб­лем, а ние не ги не­ма­ме на­ши­те ло­пати, зашто, ете тие ве­ќе не се наши. Да­ли мо­же­би не е крај­но вре­ме да си ги зе­ме­ме на­зад ло­па­тите, да го ис­чис­ти­ме прво сне­гот, па по­тоа и неш­то по­ве­ќе од сне­гот. Ло­па­та или не, пра­ша­ње е сега?

Пи­шува

Ели­са­ве­та Беј­кова

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY

eight − four =