Крај за политичката титула на уметниците

Крај за политичката титула на уметниците

271
SHARE
Злате Лозановски
Злате Лозановски

Само поранешната министерка не може, поточно не смее, во шемата за доделување на титулата национален уметник да види можност за какви било политички влијанија!


Злате Лозановски

Законот за национален уметник треба да биде укинат по кратка постапка. Бидејќи тоа не е можно од демократски (процедурални) причини, во собраниската Комисија за култура почна долга расправа.

Како некој сè уште да има дилема дали и натаму, по шест години од воведувањето, треба да се доделува комромитирачката, дискриминаторска, политикантска и веројатно најманипулантска титула наречена национален уметник. Како да не се доволни аргументите што ги наведе пратеникот Ферид Мухиќ дека „оваа титула претставува политички архаизам, политичка реликвија, карактеристична за тоталитарните власти“ и дека „во ниту една демократска држава не постои оваа категорија национален уметник“.
Како да треба уште еднаш, по којзнае кој пат, да ја слушаме поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска, претставничката на „тоталитарната власт“ со нејзините бесмислени образложенија дека „Законот е јасен и прецизен и дека во него таксативно се наведени критериумите кои се потребни за еден уметник да ја добие оваа титула, поради што е исклучена можноста за какви било политички влијанија“.

Како во Законот да не е јасно и прецизно и таксативно наброено дека „титулата национален уметник ја доделува претседателот на Република Македонија, врз основа на предлог од министерот за култура, а по претходно мислење на комисија, основана од министерот за култура“. Но, само поранешната министерка не може, поточно не смее, во таа шема да види можност за какви било политички влијанија! Исто како што не ги признава доказите со кои е обвинета за местење тендери во изградбата на најголемиот аргумент против македонската култура – Скопје 2014.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY

one × 3 =